Connect with us

Регион

Повеќенаменски социјален центар во Струмица наменет за лицата со попреченост

Виолета | Media Press

Published

on

Отворен повеќенаменски социјален центар во Струмица наменет за лицата со попреченост, финансиран од Република Бугарија, проект кој беше започнат од пред една година.

-Тоа е еден од најголемите проекти како помош за развој, кој  Бугарската влада  го подржала оваа година. Станува збор за 270 илјади лева, или 130  илјади евра и гледате од каква зграда што е постигнато за кратко време. Целта на овој проект е лицата од невладиниот сектор кои  работат со децата со попреченост  да имаат своја канцеларија, место за обуки и место на кое ќе помагаат на  лицата со попреченост, од различен вид, рече министерката за надворешни работи на Бугарија Екатерина Захариева.

Многу се радувам што за оваа година бугарската влада успеа да издвои околу 1 милион лева или над 500 илјади евра, за проекти во Македонија. Имаме проект со кој ќе се финасира центар за  децата со аутизам во Охрид, финасисрање на спортски настани, финасирање на реновирање на едно од најголемите училишта во Скопје, финасирање на два моста и проект за неширење на јазикот на омразата со што ќе се органзираат средби на новинари. Многу важен проект за мене бидејки само со средби, со меѓусебно разбирање ќе го надминеме надоразбирањето од минатото. Благодарам на градоначалникот што квалитетно и  професионално е направен овој објект рече Захариева. Градоначалникот на Општина Струмица Коста Јаневски се заблагодари на владата на република Бугарија за подршката на овој проект кој започна од пред една година со донацијата на возилото за превоз на лицата со попреченост.

Регион

Продолжуваат акциите на МВР, уапсени четири лица во Гевгелија заради марихуана

Александар | Media Press

Published

on

Од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи и ОВР Гевгелија вчера се пронајдени околу четири килограми марихуана, 20 стебла канабис, метамфетамин, лабараторија за производство на масло од канабис и се приведени четири лица од Гевгелија.

„Околу 16 часот на место викано железнички мост е пронајдена марихуана кај М.Л. (41) и Е.П. (32), кои биле со возило „пежо“. Лицата се приведени , а потоа е извршен претрес на имот на периферијата на Гевгелија, кај Е.С. (44) и Љ.П. (46), од кои М.Л. и Е. П. ја купиле марихуаната.

При претресот се пронајдени 20 стебла канабис, поголем број на цветни завршетоци од марихуана, остатоци од стебла канабис…“ – стои во соопштението од МВР

Пронајдено е околу четири килограми марихуана, метамфетамин, како и масло канабис, како и лабараторија за производство на масло од канабис. Лицата се приведени и против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Continue Reading

Богданци

Потврдена е реконструкција на повеќе улици во Богданци со средствата одобрени за проектот за поврзување локални патишта

Александар | Media Press

Published

on

Општина Богданци за Проектот за поврзување на локални патишта доби близу 600 илјади Евра, средства  од владата на РСМ преку заемот на Светска Банка. Во рамки на овој проект општина Богданци ќе спроведе активности за реконструкција и санација на седум локални улици во Богданци.

Проектните активности ќе бидат спроведени во два тендера и тоа:

Во првиот тендер ќе се реализираат проектни активности за реконструкција на шест улици:

  • Реконстракција на локалната улица „Мирче Џочков“ во должина од 160,00 м;
  • Реконстракција на локалната улица „Браќа Миладинови“ во должина од 250,00 м;
  • Реконстракција на локалната улица „Мирка Гинова“ во должина од 130,00м;
  • Реконстракција на локалната улица „Кочо Рацин“ во должина од 260,00 м;
  • Реконстракција на локалната улица „Ѓуров Дол“ во должина од 270,00 м;
  • Реконстракција на локалната улица „10 Октомври“ во должина од 164,63 м;

Во вториот тендер ќе се реализираат проектни активности за реконструкција на една улица:

  • Санација на локалната улица „Крушевска“ во должина од 1.318,53 м;

Граѓаните своите коментари и забелешки може да ги достават усно, телефонски, на меил и писмено на контакт лице во Општина Богданци: Слобода Тасиќ, тел 034/218-400, 078/525-025, e-mail: opstina_bogdanci@t-home.mkopstina_bogdanci@yahoo.com  , и преку web страната на општината пријави проблем  http://www.pp.e-uslugi.mk/bo/.

Continue Reading

Регион

Казни за околу 100 граѓани од Југоистокот кои неноселе заштитна маска

Виолета | Media Press

Published

on

Во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР за периодот (06.10/07.10.2020), по однос на Уредбата за задолжително носење заштита на лицето, евидентирано е дека на ниво на Секторот за внатрешни работи Струмица 95 лица не ја почитувале, од кои 38 во Струмица, 27 во Радовиш, 16 во Гевгелија и 14 во Валандово и ќе следуваат соодветни мерки.

Continue Reading