Connect with us

Радовиш

Електротехнички факултет во Радовиш ќе врши уписи на нови студенти и оваа година

Виолета | Media Press

Published

on

И годинава Електротехнички факултет во Радовиш ќе врши уписи на нови студенти во учебната 2019/2020 академска година на насоката МЕХАТРОНИКА И РОБОТИКА.

Според објавениот конкурс  за запишување на студенти во прв циклус на студии на Универзитет “Гоце Делчев”- Штип, Електротехнички факултет во Радовиш, предвидено е запишување на 20 редовни студенти со партиципација од 200 евра годишна партиципација (по 100 евра од семестар), 5 студенти во квотата со кофинансирање со годишна партиципација од 400 евра (200 евра од семестар), како и упис на 5 вонредни студенти со годишна партиципација од 400 евра или (200 евра од семестар).

Од факултетот ги информираат заинтересираните потенцијални идни студенти дека можат да го посетат Електротехнички факултет во Радовиш и да се информираат подетално како и да го разгледат објавениот конкурс т за прв уписен рок за прв циклус на студии на Универзитет “Гоце Делчев”- Штип,  конкретно за упис во Радовиш. 

Првиот уписен рок на  Иниверзитетот Гоце Делчев, Штип ќе се одвива на 26, 27, 29 и  30 август и 02 септември.

При пријавувањето за запишување на Универзитетот, кандидатите ги поднесуваат следниве документи:

 пријава за запишување;

 оригинални свидетелства од сите класови;

 државна матура, меѓународна матура или училишна матура;

 свидетелство за завршено средно образование;

 извод од матичната книга на родените;

 доказ за државјанство на РМ (уверение или решение).

 Потврда за уплатени:

300 денари на жиро-сметка на Универзитетот за студиски програми за кои не се врши проверка на знаењата и умеењата, односно и уплата за административна такса од 50,00 денари;

500 денари на жиро-сметка на Универзитетот за студиски програми за кои се врши проверка на знаењата и умеењата и уплата за административна такса од 50,00 денари.

Право на запишување на прв циклус универзитетски и стручни студии имаат кандидати со завршено четиригодишно средно образование (кандидати со завршена државна матура; кандидати кои завршиле во претходните години пред учебната 2007/2008 година и не полагале државна матура, односно училишна матура) во средни училишта верифицирани со акт на Министерството за образование и наука, кандидати со завршено четиригодишно средно образование (со завршена училишна матура за кандидати кои завршиле во претходните години пред учебната 2018/2019 година), како и кандидати со завршено четиригодишно средно образование (со завршена меѓународна матура).

Радовиш

Малолетник од Калаузлија радовишкo, повреден при сообраќајна несреќа помеѓу мотор и велосипед

Виолета | Media Press

Published

on

„На 20.10.2020 во 14.30 часот во с.Калаузлија, радовишко, се случила сообраќајна незгода во која С.М. (27) од с.Калаузлија, управувајќи мотоцикл „скудо 125“ удрил во велосипед управуван од малолетник. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Здравен дом Радовиш, а увид на местото на незгодата извршила екипа на Полициска станица Радовиш“ информираат од СВР Струмица.

Continue Reading

Радовиш

Екипа од ТППЕ од Радовиш интервенирала на предизвикан пожар на помошни објекти

Виолета | Media Press

Published

on

„На 19.10.2020 во 02.15 часот во Полициска станица Радовиш било пријавено дека настанал пожар во помошен објект на ул.„Готен“ во Радовиш, при што биле опожарени и соседни помошни објекти, како и едно моторно возило паркирано во помошен објект.

По интервенција на Територијална противпожарна единица Радовиш пожарот бил изгаснат, а увид на местото извршиле инспектор од Дирекција за заштита и спасување и екипа на Одеелението за внатрешни работи Радовиш„ стои во известувањето од Полициска станица Радовиш.

Continue Reading

Радовиш

Воиславци и Сулдурци денеска со преќин во водоснабдувањето, соопштува ЈП Плаваја

Виолета | Media Press

Published

on

ЈП Плаваја од Радовиш ги информира жителите на двете населени места Воиславци и Сулдурци, Општина Радовиш, дека денеска ќе има преќин во водоснабдувањето поради замена на опрема во главните шахти кон овие населени места.

„ДЕНЕС ВТОРНИК 20 ОКТОМВРИ 2020 ГОДИНА ЌЕ СЕ ПРОДОЛЖИ СО ЗАМЕНА НА ОПРЕМА ВО ГЛАВНИТЕ ШАХТИ КОН ОВИЕ НАСЕЛЕНИ МЕСТА. ЗА НОРМАЛНА РАБОТА ПОТРЕБНО Е ЦЕЛОСНО ЗАПИРАЊЕ НА ВОДОСНАБДУВАЊЕТО.НАВЕДЕНИТЕ РЕОНИ ЌЕ ИМААТ ПРЕКИН НА ВОДОСНАБДУВАЊЕТО ОД 9.00 ЧАСОТ ДО ЗАВРШУВАЊЕ НА РАБОТИТЕ“ стои во известувањето од ЈП Плаваја, Радовиш.

Continue Reading