Connect with us

Валандово

Советот на Општина Валандово одобри 400 илјади денари за реализација на „Јосифовско -лето 2019“

Avatar

Published

on

Советот на Општина Валандово ја одржа  својата редовна седница на која беа одобрени средства  на здруженија на граѓани за реализација на проекти. 400 илјади денари беа одобрени на   Спортски фудбалски клуб Проект Јосифово, за реализација на спортска културна манифестација „Јосифовско -лето 2019“ кој ќе се одржи од 05.08 до 30.08 2019.

Советникот од опозицијата Митко Занов рече дека тоа се премногу пари за една манифестација што се одобруват веќе две години и дека со тие средства може да се реализира некој инфраструктурен проект.  од тие причини советничката група на ВМРО -ДПМНЕ ќе биде воздржана

Градоначалникот на општина Валандово Перо Костадинов во својата дискусија рече дека токму нивна биле идејата минатата година за реализација на проектот во Јосифово, Тој  притоа спомна дел од инфраструктурните  проекти во Валандово  и други населени места.

Во завршана фаза е проектната документација за нова водоводна мрежа во Калково, намаестен нова пумпа за вода во Јосифово, а во изминатиот преиод се инвестирани околу 7 милиони денари во ова населено место за инфраструктура, нова детска градинка и друго. Тој спомна дека треба да се разгелдуваат граѓанските барања и нема ништи лошо да се подржи проектот Јосифовско -лето 2019 кој е во интерес на сите граѓани.

 Дискусијтата и понатаму продолжи со меѓусебно препукување помеѓу Советникот Занов и Градоначалникот Костадинов пред се околу проектите. Градоаначалникот заклучи дека тие реалзирале околу стотина проекти кои несака да ги спомнува сега, а Занов остана на тврдењето дека капиталните инвестиции ги наследиле од претходната власт. Костадинов замоли да бидат реални и со прашање, конкретно кој проект е оставен од нив, по што се прекина дискусијата.  

Со 8 гласа за и 3 воздржани беше донесена одлука за одобрување 400 илјади денари за реализација на спортско културна манифестација Јосифовско  лето 2019, која ќе се одржи втора година по ред во Јосифово.

Валандово

Засилени мерки за справување со Ковид – 19 во општина Валандово откако состојбата станува алармантна

Виолета | Media Press

Published

on

Поради лошата епидемиолошка слика во општината, синоќа повторно заседаваше Општинскиот кризен штаб, каде беа донесени следните заклучоци:

Максимална институционална вклученост на сите чинители во борбата против Covid – 19 и дословно спроведување на пропишаните протоколи и мерки од страна на надлежните институции;

Мапирање на потенцијални кластери за ширење на коронавирусот во општина Валандово;

Зачестени контроли на МВР и надлежните инспекторати низ општината;

Апел до граѓаните за целосно почитување на пропишаните мерки и протоколи од надлежните институции и крајно одговорен пристап со цел заштита на сопственото и здравјето на останатите;

Редовна дезинфекција на детските градинки, училиштата, приватните претпријатија и јавните институции;

ТППЕ Валандово и ЈП Комунален сервис – Валандово да продолжат со редовна дезинфекција на улиците, тротоарите, парковите и останатите јавни површини во општината; информираат од општината.

Continue Reading

Валандово

Со јавна расправа по Нацрт Извештајот за стратегиска оцена на животна средина, започнува постапката за изградба на експресен пат Струмица – Валандово

Виолета | Media Press

Published

on

Со јавна расправа по Нацрт Извештајот за стратегиска оцена на животна средина, која што се одржа деновиве во Валандово, започнува постапката за изградба на експресен пат Струмица – Валандово – спој со автопат Пријателство, во должина од 25 километри.

Јавното претпријатие за државни патишта во Домот на култура “25 Мај” – Валандово, одржа презентација и јавна расправа по Нацрт Извештајот за стратегиска оцена на животна средина за проектот за нов експресен пат во југоистокот.

„На презентацијата и јавната расправа, присуствуваа институции, заинтересирани поединци и претставници на стопански субјекти и беа отворени прашањата за потребата од заштита на животната средина при реализација на проектот, како и значењето на истиот за граѓаните и локалниот бизнис“, информираат од Општина Валандово.

Реализацијата на овој проект е од круцијално значење за општина Валандово, и истиот значително ќе ја подобри компаративната предност на валандовското стопанство и олесни протокот на валандовскиот производ до два гранични премини.

Continue Reading

Валандово

Одржана итна седница на Општинскиот кризен штаб во Валандово

Виолета | Media Press

Published

on

Поради влошената епидемиолошка слика во општинаВаландово Синоќа беше одржана итна седница на Општинскиот кризен штаб, каде беа донесени следните заклучоци:

-Целосна институционална вклученост на сите чинители во борбата против Ковид 19;

-Зачестени контроли на МВР и пазарниот инспекторат низ општината;

-Апел до граѓаните за целосно почитување на пропишаните мерки и протоколи од надлежните институции;

-Редовна дезинфекција на детските градинки, училиштата и останатите институции во општината;

-ТППЕ Валандово и ЈП Комунален сервис – Валандово да вршат редовна и секојдневна дезинфекција на улиците, тротоарите, парковите и останатите јавни површини во општината, информираат од Општина Валандово. Инаку во текот на вчерашниот ден во Валандово беа регистрирани 4 нови случаи  позитивни на Ковид -19.

Continue Reading