Connect with us

Земјоделие

Добар и квалитетен род на пченицата од овогодишната реколта

Media Press

Објавено на

“Годинава според последните податоци вкупно се ожнеани  67.833 хектари или 92% од вкупната жетвена површина која изнесува 73.479 хектари,  рече Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски кој заедно со  директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски, остваруваат посета на населените места со цел да се запознаат подетално со производството на пченица од овогодинешната реколта.

Сето слободно земјоделско земјиште го ставаме на располагање на вистинскиот земјоделец”- Изјави министерот Димковски.

Димковски потсети дека до денеска се поделени 34.000 персонализирани картички,со сума од 88 милиони денари, а до крајот на месец август се очекува бројката да достигне до 55.000 картички со што кај земјоделците се враќаат вкупно 200 милиони денари.

Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски рече дека:

“Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, успеа да ги исплати досега сите основни мерки за субвенции од програма за 2018 година а веќе се спрема за исплата и на дополнителните мерки, а до овој момент има исплатено 300милиони евра средства преку мерките што ги спроведува, а тука спаѓаат и заостанатите субвенции од изминатите години од 2012, 2013, 2014, 2015 и 2016.”- Изјави Бабовски.

Земјоделие

Крмов: Власта ги уништува малите земјоделци за да ги помогне големите!

Media Press

Published

на

На собраниската расправа за интерпелацијата на министерот за земјоделие Цветан Трипуновски, пратеникот на Левица Борислав Крмов оцени дека по речиси две години мандат, Владата не само што не ги решила клучните проблеми во земјоделството, туку состојбата дополнително се влошила.

Според Крмов, најголемиот проблем не се аферите, ниту блокираните европски фондови, туку фактот што Македонија постепено го губи сопственото производство на храна.

Пратеникот потсети дека пред да стане министер, Трипуновски јавно зборуваше за неоткупениот ориз, намалениот сточен фонд и доцнењето на субвенциите. Денес, рече Крмов, речиси сите тие проблеми остануваат, а дел од нив се и продлабочени.

Во регионите каде се произведува ориз земјоделците и понатаму се соочуваат со ниски откупни цени кои не ги покриваат ниту основните производствени трошоци. Наместо развој и сигурност, производителите се принудени да продаваат под реалната вредност на својот труд, додека државата не нуди системско решение за нивните проблеми.

Особено загрижувачка е состојбата во сточарството. Бројот на овци, говеда и производството на млеко континуирано опаѓа, а сè повеќе фармери се откажуваат од дејноста бидејќи не можат да обезбедат одржлива заработка.

„Во Македонија практично му ставаме крај на овчарството.“, истакна Крмов.

Крмов посочи и на огромната разлика меѓу откупните и малопродажните цени на млекото. Додека производителите добиваат минимални средства за својот производ, граѓаните плаќаат сè повисоки цени во маркетите.

Најголем товар врз земјоделците претставуваат неисплатените субвенции и намалената финансиска поддршка. „Во моментов им должите на македонските земјоделци 70 милиони евра неисплатени субвенции.“, обвини Крмов.

Дополнително, Владата ги зголемува критериумите за добивање субвенции, што директно ги погодува малите производители. Повисоки прагови за добивање субвенции за овоштарите и лозарите. Построги услови за сточарите и пчеларите. Намалување на дел од субвенциите и ограничување на пристапот до државна поддршка.

Крмов кажа дека зад овие мерки стои јасна политичка определба, наместо да се помогне на малиот земјоделец, државата создава услови за дополнително окрупнување на производството и концентрација на земјоделското земјиште и профитот кај мал број големи стопанства.

„Малиот земјоделец го туркате или да стане наемен работник или да се исели од државата.“, рече Крмов.

Тој оцени дека Владата ги покрива сопствените буџетски неуспеси преку кратење на средства за најранливите категории граѓани, меѓу кои се и индивидуалните земјоделци.

Во услови кога Македонија има плодна земја, поволна клима и долга земјоделска традиција, земјата станува сè позависна од увоз на храна, додека домашното производство опаѓа. Наместо младите да гледаат перспектива во земјоделството, сè повеќе семејства се принудени да ги напуштаат нивите и фармите во потрага по друга работа или егзистенција надвор од државата.

Прочитај повеќе

Земјоделие

Трипуновски: Ограничена маржа на цената на ѓубривата за заштита на домашното земјоделско производство

Media Press

Published

на

Со цел да се спречи растот на цените и да се помогне на земјоделците и домашното земјоделско производство, денеска на 166-та владина седница, Владата донесе Одлука каде што се ограничува маржата на цената на вештачките ѓубрива.

Целта е да се обезбеди достапност до ѓубривата и да се заштитат земјоделците од растот на цените.

Станува збор за две одлуки кои што ќе стапат на сила и истите ќе се применуваат до 31.05.2026 година.

Првата одлука се однесува на сите правни и физички лица регистрирани за производство и трговија на големо и мало, кои прибавуваат и продаваат:

•        неоргански ѓубрива;

•        органски ѓубрива;

•        органо минерални ѓубрива;

•        биостимулатори, како и подобрувачи на својството на почвата.

Највисоката бруто профитна маржа на неорганските ѓубрива со оваа одлука кај сите трговски друштва и трговци поединци кои учествуваат во трговскиот ланец се утврдува во вкупен износ до 5% во трговијата на големо и во вкупен износ до 5% во трговијата на мало.

Додека пак највисоката бруто профитна маржа за органските ѓубрива, органо минерални ѓубрива, биостимулатори, од оваа одлука во трговијата на големо ќе изнесува до 10% и во малопродажба ќе изнесува до 10%.

Дополнително, се воведува обврска за континуирано снабдување на пазарот со вештачки ѓубрива. Трговците на мало се должни месечно да обезбедуваат и продаваат најмалку 70% од просечната количина што ја набавиле во 2026 година, додека трговците на големо се обврзуваат да ги снабдуваат трговците на мало со најмалку 70% од просечно продадените количини.

Целта на оваа одлука е да се спречат евентуалните недостатоци на пазарот, да се обезбеди редовна достапност на ѓубривата и да се заштитат земјоделците од неправилниот раст на цените.

Со втората одлука која што денеска е донесена, се ограничува растот на цените на ѓубривата на домашниот пазар, односно се корегира продажната цена за 10% намалување на залихите кои што ги имаат продавачите набавено по старите набавни цени.

Со овие две одлуки се прави стабилизација на цените на ѓубривата, односно нивна корекција, намалување, информира Министерот за земјоделство шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски.

„Овие одлуки се донесени врз претходна консултација и разговор со регистрираните увозници на вештачки ѓубрива, но и по основ на претходно направена анализа од страна на Државниот пазарен инспекторат каде што беше констатирано дека има раст на цените.

Зголемувањата на цената на ѓубривата значи поскапо производство и притисок врз македонските земјоделци. Затоа целта на оваа одлука е да се стабилизира пазарот, да се намалат трошоците, како и да се заштити домашното земјоделско производство“, соопштува Трипуновски.

Прочитај повеќе

Земјоделие

Приведено лице од струмичко, подметнал пожар на нива, следува соодветна пријава

Media Press

Published

на

На 16.09.2025 на регионален пат помеѓу селата Сарај и Петралинци, струмичко, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода С.В.(59) од село Дабиле, струмичко. Тој се сомничи дека околу 19:00 часот подметнал пожар на арско ѓубре во нива помеѓу селата Дабиле и Петралинци, сопственост на В.С.. Од екипа на Територијалната противпожарна единица Струмица пожарот е изгаснат, а повредени лица нема. С.В. е задржан во Полициската станица Струмица и во службен разговор го признал делото.

Запознаен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, а увид на местото изврши екипа на СВР Струмица. По целосно расчистување на случајот, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.

Прочитај повеќе