кој бил лекар и
исцелител и на кого Св. Климент ја посветил својата црква на Плаошник, а исто
така на овој ден го празнуваме и споменот на Св. Климент, најголемиот меѓу
учениците на Светите Кирил и Методиј, основачот на најстариот Универзитет,
просветител кој писменоста и Христовата вера ги раширил низ Европа.
Свети Пантелејмон е роден во градот Никомидија во третиот
век. По раѓањето бил наречен Пантелеон, што значи «во сѐ како лав», но подоцна
тоа име било заменето со Пантелејмон, што значи «семилостив». Уште во детството
бил воспитуван во христијанската вера, бидејќи мајка му била христијанка.
Меѓутоа таа се упокоила кога Пантелејмон бил сеуште дете, а неговиот татко бил
многубожец кој го носел сина си во идолскиот храм, и во паганско училиште.
Одејќи кон училиштето, по патот Свети Пантелејмон го запознал стар христијански
свештеник Ермолај, кој подцна ќе го крсти. Свети Ермолај го засакал Пантелејмон
и Господ му внел во срцето желба да го просвети момчето со светлината на
вистинската вера. Свети Ермолај живеел со два други свештеници, Св. Ермипиј и
Св. Ермократ, и сите тројца биле преживени од масакрот на 20 000 христијани во
303 година.
Кога
се враќал од кај учителот, видел мртво дете на патот каснато од змија. Првиот
впечаток бил страшен бидејќи живата змија лежела до детето. Кога ги повикал
зборовите на старецот за Божјата благодат, тој се обратил со молитва кон Христа
за помош. Наеднаш детето се разбудило од сон а змијата умрела. Пантелејмон
многу се израдувал и веднаш побарал да биде крстен од Ермолај. Тој веќе станал
познат лекар, кај него се обраќале многу на помош. Еднаш донеле еден слеп, кој
што никој не можел да го излекува во градот. Поучен од Божјиот дух, Пантелејмон
го повикал вистинскиот Бог преку молитвата и тој човек оздравел и поверувал.
Поради тоа, и тој наскоро маченички пострадал како христијанин.
Вчера
православните верници го чествуваа празникот посветен на света Петка Римјанка
или света петка летна