Connect with us

Македонија

Прогласена портокалова фаза- се препорачува ослободување од работа на бремените жени и постарите лица

Avatar

Published

on

По прогласувањето на портокалова фаза на територијата на цела држава до 14 август годинава, поради топлотен бран со температури до 40 и над 40 степени, Министерството за труд и социјална политика ги повикува правните субјекти да ги почитуваат препораките од Министерството за здравство донесени врз основа на заклучоците на Комисијата за следење на ефектите од високите температури. Согласно Акцискиот план за превенирање на последиците од топлотните бранови Министерството за здравство препорачува ослободување од работните обврски на најранливите групи население, како што се – бремените жени и лицата на возраст над 60 години. Во установите за згрижување на децата (градинки) да не се практикува физичка активност и да не ги изнесуваат децата на отворено во периодот од 11 до 17 часот. Се препорачува сите правни субјекти кои вршат активности на отворено да ги запрат активностите во периодот од 11 до 17 часот. Ова особено се однесува на градежните работници. Единиците на локалната самоуправа, Црвениот крст и Центрите за социјални работи во регионите зафатени со топлотниот бран да имаат проактивен пристап и да пружат помош на осамени стари изнемоштени лица и бездомници согласно предвидените активности во Акциониот план. Со оглед на фактот дека одредени ризични производни и технолошки процеси може да претставуваат дополнителен ризик по здравјето на изложените работници, се потсетуваат работодавците на обврската за почитување на законските прописи од оваа област.

Истовремено Министерсвото за труд и социјална политика апелира на зголемени контроли од страна на надлежниот Државен инспекторат за труд.

Граѓаните во целиот летен период потребно е да ги почитуваат општите препораки за заштита на здравјето, од Министерството за здравство.  Во текот на екстремно топли денови треба да останат подолго време во затворени простории (пред се климатизирани), а при неопходен престој на отворен простор во овој период, да најдат можност за почести одмори под сенка, да носат светла и лесна облека, при директна изложеност на Сонце да носат заштитни очила и капа, при сончање да користат крема со висок заштитен фактор, да внесуваат помало количество храна, главно овошје и зеленчук, помалку мрсна храна, да внесуваат големи количества течности, најдобро обична вода за пиење, да избегнуваат алкохолни пијалаци, при влегување во возило, потребно одреден период да го проветрат, а хронично болните редовно да ја земаат препишаната терапија, во консултација со матичните лекари.

Поради високите температури и зголемената можност за појава на труењата со храна и цревни заразни заболувања, од Министерството препорачуваат задолжително миење на земјоделско-градинарските производи (свеж зеленчук и овошје) пред нивната употреба, термичка подготовка на храната и нејзино консумирање во многу краток рок по подготовката. Ако тоа не се направи, така подготвената храна да се стави во фрижидер на + 4 степени Целзиусови, а пред употребата таа да се загрее на + 100 степени и да се избегнуваат производи кои термички не се обработени како мајонези од домашни јајца, а внимателно да се конзумира сладолед и разни кремови.

прикажи повеќе
Advertisement

Македонија

Филипче: Пратениците да покажат одговорност и што поскоро едногласно да се изгласаат двата пакети на мерки

Александар | Media Press

Published

on

Министерот за здравство, Венко Филипче на неговата официјална фејсбук страница напиша дека мерките за заштита од Kовид-19 кои се во Собранието мора итно да се донесат.

Тој додава дека бара од пратениците да покажат одговорност и што поскоро едногласно да се изгласаат двата пакети на мерки за заштита на населението и спречување на понатамошно ширење на вирусот.

„Барам сите сложно да испратиме порака на единство околу важноста за почитување на мерките. Тие се целосно издржани, базирани на анализите на Институтот за јавно здравје и на меѓународните искуства. Исти или слични мерки во моментов веќе се на сила во сите европски држави.Нема повеќе време за одлагање, состојбата со вирусот е сериозна.

Истовремено им порачувам на граѓаните дека и постоечките мерки и препораки се во интерес на заштита на нивното здравје и мора доследно да се почитуваат. Болниците се полнат и сите треба да сме свесни дека од секој од нас зависи како ќе ја надминеме состојбата.“ – напиша тој на фејсбук

Continue Reading

Македонија

МОН и БРО доставија упатство начинот на оценување

Александар | Media Press

Published

on

Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образование ги известија училиштата за начинот на следење и оценување на учениците во периодот на реализација на наставата во услови на пандемија.

При формирање на оценката ќе се следат упатствата утврдени од Бирото за развој на образование на почеток на учебната година. Наставниците тука имаат јасно утврдени насоки со кои ќе се заштити  квалитетот на процесот на формирање на оценката. Во случаите каде што од различни причини не може да се формира оценка онлајн, треба да се организираат индивидуални средби со овие ученици, преку наставниците кои ќе ги следат нивните постигнувања и ќе ја формираат оценката.

Со оглед на тоа што наставата оваа учебна година започна на 1 октомври, препораката на Бирото за развој на образованието и Државниот просветен инспекторат е првите сумарни оценки за секој ученик да бидат изведени до 20 ноември. 

МОН и БРО апелираат до наставниците да го прилагодат оценувањето на учениците согласно учењето на далечина. Потребно е да се постават јасни насоки во врска со очекуваните резултати од учењето и начинот на следење, контролирање и вреднување на постигнувањата на учениците во овој период. Во рамки на формирањето оценка треба да се задаваат автентични задачи кои ја елиминираат можноста за готови одговори од наставните материјали, или од други извори на информација, а во задачите со кои се проверува познавањето и разбирањето на фактите треба да се обезбеди контрола на времето за решавање на задачите.

Дополнително, наставникот може да направи табела за докази/продукти што ученикот ќе ги испрати како дел од електронското портфолио што ќе се оценува. Притоа критериумите за оценување, начинот на достава и роковите за достава треба да бидат јасно комуницирани до учениците и родителите. 

Учењето во виртуелна училница е во некои аспекти предизвик, но е истовремено можност да се направи исчекор во оценувањето – да се стави акцент на посложените когнитивни процеси, односно на издвојување, разбирање, анализа и помнење на она што е навистина важно,  наместо усвојување на фактографско знаење. Ова е  впрочем и цел на образованието и на реформите кои ќе следуваат.

Уште еднаш, да ја искористиме кризата како можност за поставување практики кои и понатаму ќе овозможат унапредување на образовниот процес и ќе бидат почеток на промени кои се неопходни за овозможување квалитет и адаптација на образованието за потребите на новите генерации.

Упатство за наставниците за начинот на оценување на учениците ОВДЕ

Continue Reading

Македонија

Министерката Шахпаска на панел дискусија по повод Меѓународниот ден за борба против сиромаштијата

Виолета | Media Press

Published

on

По повод Меѓународниот ден за борба против сиромаштија, министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска учествуваше на панел дискусија на тема “(Не)видена сиромаштија”, во организација на Сојуз на здруженија на граѓани и поединци “Македонска платформа против сиромаштија” (МППС).

Од страна на министерката Шахпаска, беа искажани заложбите на МТСП како активни учесници во премостувањето на последиците настанати од пандемијата со КОВИД 19 и намалување на релативната и апсолутната сиромаштија, кога целиот свет се соочува со отпуштање од работа на работниците.

„За да се постигне оваа цел, како решение беше донесен и 4 пакет економски мерки од страна на Владата, согласно кој ќе бидат поддржани најранливите категории граѓани, пензионерите со пониски пензии од 15.000 денари,  пасивните баратели на работа, самохраните родители, жени земјоделки, сезонски работници, корисниците на државна пензија, малите и средни претпријатија, како и помош за угостителскиот сектор, транспорт и туризам, како едни од најпогодените со пандемијата“, истакна Шахпаска.

Министерката посочи дека  најважно е  да се зачува секое работно место и потсети на уредбите со законска сила донесени во корист на лицата коишто ќе останат без работа, а донесени за време на вонредната состојба, како и за мерките  за лицата кои се тешко вработливи на пазарот на труд и  оперативните планови за вработување со средства кои се предвидени во буџетот.

 „Со цел поголем опфат на лица приматели на Гарантирана минимална помош, Владата го олесни пристапот на овие лица и со тоа обебеди поголеми можности , да влезат побрзо во системот како корисници“, стои во известувањето од МТСП .

Continue Reading