Connect with us

Земјоделие

Почна распределбата на картички за „зелена нафта“ во Велес

Виолета | Media Press

Published

on

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски,и директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој Никола Бабовски беа во посета на Велес, каде што денеска почна распределбата на 1.672 персонализирани картички за „зелена нафта“ со вкупна вредност од 6.659.533 денари.

„Преку оваа мерка на сметките на 55 илјади земјоделци враќаме околу 200 милиони денари со што се покриваат 30% од трошоците за нафта. Ова се сериозни средства кои ги враќаме кај земјоделците токму во време кога имаат и најмногу активности на поле. Со зелената нафта и со сите преземени досегашни мерки ги намалуваме производствените трошоци а со тоа го правиме домашниот агро – сектор пооддржлив“, изјави министерот Димковски.

До крај на овој месец сите кои исполнуваат услови за добивање на средства од оваа мерка ќе ги добијат персонализираните платежни картички.

„Платежната Агенција заедно со подрачните единици до денеска дистрибуираа вкупно 33.331 персонализирани платежни картички за зелена нафта.  До денеска над 60 % или до 22 подрачни единици се доставени платежните картички. Апелирам, до сите земјоделци при подигање на картичките да направат споредба на износот кој го имаат на картичките со износот кој им е одобрен на решението“, истакна директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој Никола Бабовски.

Земјоделие

Дополнителни субвенции од 2 денари за произведено и предадено грозје

Виолета | Media Press

Published

on

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа одржа повеќе конструктивни состаноци со лозарите по што Владата донесе сет мерки со кои ќе се поддржи овој многу значаен сектор, лозарството, информираат од МЗШВ.

Една од мерките е дополнителната мерка од 2 денари по килограм. Оваа мерка е од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2020 година, која Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ја изготви и истата е веќе излезена во Службен весник на РСМ.

Корисници на оваа подмерка се земјоделски стопанства кои се корисници на подмерката за оддржување на лозов насад од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2020 година и оствареното производство од сортите: Смедеревка, Вранец, Бургундец Црн, Станушина, Кратошија, Жилавка, Кадарка од реколта 2020 година да е предадено во регистрирани капацитети за производство на вино во Македонија.

Дополнително ќе бидат донесени и сет на мерки кои ќе бидат од Ковид Програмата и нивната реализација ќе биде до крајот на 2020 година, велат од ресорното министерство.

Continue Reading

Земјоделие

Утврдени мерките за откупот на грозјето, субвенционирање во висина од 4 денари по килограм за откупено и предадено винско грозје во винарски визби

Виолета | Media Press

Published

on

Владата на одржаната 5-та седница ја разгледа и усвои „Информација за состојба на откупот на грозје од реколта 2020 година со предлог мерки“, со која го задолжи Кабинетот на заменикот на претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции да подготви мерка од Програмата за поддршка од КОВИД-19 во висина од 4 денари по килограм за откупено и предадено винско грозје во винарски визби кои се запишани во регистарот на производители на вино што го води Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Поддршката ќе биде наменета за откупено винско грозје до 18 шеќерни единици со минимална цена од 7 денари по килограм.

Намената на оваа мерка е за интервентен откуп на грозје кое ќе биде преработено во производи од винско грозје, а корисници на оваа мерка се винарските визби кои се регистрирани во регистарот на производители на вино што го води Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Кабинетот на заменикот на претседателот на Владата, да е задолжен да подготви и дополнителна мерка од Програмата за поддршка од КОВИД-19 во висина од 2 денари по килограм за произведено и предадено винско грозје, а корисници на оваа мерка се регистрирани земјоделци во Единствениот регистар на земјоделски стопанства што се води во Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство. Предвидениот рок за исплата е до крајот на 2020 година.

Во врска со оваа точка од дневниот ред на денешната седница на Владата, Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство доби задолжение да подготви мерка во висина од 2 денари по килограм за произведено и предадено винско грозје и се корисници на подмерката 1.10, како директни плаќања по обработлива земјоделска површина за одржување на постоечки лозови насади од Уредбата за поблиските критериуми за директни плаќања. Предвиден рок за аплицирање за мерката е да биде до крајот на 2020 година, а исплатата на оваа мерка ќе биде во 2021 година според рокот за исплати во Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2020 година. Мерката е наменета за сортите на винско грозје и тоа: смедеревка, вранец, бургундец црн, станушина, кратошија, жилавка, кавадарка.

Continue Reading

Земјоделие

Државата ќе интервенира со субвенции за помош и на лозарите и на винариите, визбите да го почитуваат договорот за откупните цени

Виолета | Media Press

Published

on

На состанокот со здруженијата на лозари од Тиквешкиот регион, премиерот Заев, ги презентираше владините предлог-мерки за помош на лозарите и винариите, во делот на откупните цени и планираната поддршка. 


„Она коешто како заклучок го извлековме е дека со 4 денари државата ќе интервенира за вранецот и смедеревката, а со 2 денари ќе интервенираме за високосортното грозје. Дополнително остануваме на супституција на транспортот со 20 отсто на транспортните трошоци за наливното вино, и 30 проценти супституција за флашираното вино и ја отворивме новата можност кон сите откупувачи коишто работат во нашата земја да можат да откупат винско грозје и да го извезат како винско за да ги намалиме количините со една стимулативна мерка. Тоа е ако откупат 12 милиони килограми сите заедно, тоа ќе го видиме на царинските декларации, ќе добијат 2 денари субвенција на тие 12 милиони килограми, ако се откупени и извезени надвор од државата помеѓу 12 и 25 милиони килограми ќе добијат 3 денари, ако откупат и извезат повеќе од 25 милиони килограми ќе добијат 4 денари субвенција. Целта е да стимулираме сето тоа што ко има како залихи брзо да се продаде надвор, а при тоа да има жед да се откупи она што е домашно производство“, наведе Заев.
При тоа, премиерот Заев посочи дека сите заеднички треба да придонесат во надминувањето на проблемите и  упати апел до винариите да го почитуваат договореното, односно смедеревката да се откупува по 9 денари за килограм а вранецот по 11 денари за килограм, а државата ќе го исполни ветеното за 4 денари субвенција.  
Заев посочи дека ќе се разговара и со винарската визба „Тиквеш“ и  дека низ дијалог ќе се најде взаемно прифатливо решение, потенцирајќи дека заеднички сите треба да го понесат товарот за да се преброди оваа криза предизвикана од вирусот КОВИД-19.

Continue Reading