Connect with us

Македонија

Денеска се празнува верскиот празник посветен на Св. Пантелејмон

Виолета | Media Press

Published

on

кој бил лекар и исцелител и на кого Св. Климент ја посветил својата црква на Плаошник, а исто така на овој ден го празнуваме и споменот на Св. Климент, најголемиот меѓу учениците на Светите Кирил и Методиј, основачот на најстариот Универзитет, просветител кој писменоста и Христовата вера ги раширил низ Европа.

Свети Пантелејмон е роден во градот Никомидија во третиот век. По раѓањето бил наречен Пантелеон, што значи «во сѐ како лав», но подоцна тоа име било заменето со Пантелејмон, што значи «семилостив». Уште во детството бил воспитуван во христијанската вера, бидејќи мајка му била христијанка. Меѓутоа таа се упокоила кога Пантелејмон бил сеуште дете, а неговиот татко бил многубожец кој го носел сина си во идолскиот храм, и во паганско училиште. Одејќи кон училиштето, по патот Свети Пантелејмон го запознал стар христијански свештеник Ермолај, кој подцна ќе го крсти. Свети Ермолај го засакал Пантелејмон и Господ му внел во срцето желба да го просвети момчето со светлината на вистинската вера. Свети Ермолај живеел со два други свештеници, Св. Ермипиј и Св. Ермократ, и сите тројца биле преживени од масакрот на 20 000 христијани во 303 година.

Кога се враќал од кај учителот, видел мртво дете на патот каснато од змија. Првиот впечаток бил страшен бидејќи живата змија лежела до детето. Кога ги повикал зборовите на старецот за Божјата благодат, тој се обратил со молитва кон Христа за помош. Наеднаш детето се разбудило од сон а змијата умрела. Пантелејмон многу се израдувал и веднаш побарал да биде крстен од Ермолај. Тој веќе станал познат лекар, кај него се обраќале многу на помош. Еднаш донеле еден слеп, кој што никој не можел да го излекува во градот. Поучен од Божјиот дух, Пантелејмон го повикал вистинскиот Бог преку молитвата и тој човек оздравел и поверувал. Поради тоа, и тој наскоро маченички пострадал како христијанин.

Вчера православните верници го чествуваа празникот посветен на света Петка Римјанка или света петка летна

Македонија

Филипче: Пратениците да покажат одговорност и што поскоро едногласно да се изгласаат двата пакети на мерки

Александар | Media Press

Published

on

Министерот за здравство, Венко Филипче на неговата официјална фејсбук страница напиша дека мерките за заштита од Kовид-19 кои се во Собранието мора итно да се донесат.

Тој додава дека бара од пратениците да покажат одговорност и што поскоро едногласно да се изгласаат двата пакети на мерки за заштита на населението и спречување на понатамошно ширење на вирусот.

„Барам сите сложно да испратиме порака на единство околу важноста за почитување на мерките. Тие се целосно издржани, базирани на анализите на Институтот за јавно здравје и на меѓународните искуства. Исти или слични мерки во моментов веќе се на сила во сите европски држави.Нема повеќе време за одлагање, состојбата со вирусот е сериозна.

Истовремено им порачувам на граѓаните дека и постоечките мерки и препораки се во интерес на заштита на нивното здравје и мора доследно да се почитуваат. Болниците се полнат и сите треба да сме свесни дека од секој од нас зависи како ќе ја надминеме состојбата.“ – напиша тој на фејсбук

Continue Reading

Македонија

МОН и БРО доставија упатство начинот на оценување

Александар | Media Press

Published

on

Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образование ги известија училиштата за начинот на следење и оценување на учениците во периодот на реализација на наставата во услови на пандемија.

При формирање на оценката ќе се следат упатствата утврдени од Бирото за развој на образование на почеток на учебната година. Наставниците тука имаат јасно утврдени насоки со кои ќе се заштити  квалитетот на процесот на формирање на оценката. Во случаите каде што од различни причини не може да се формира оценка онлајн, треба да се организираат индивидуални средби со овие ученици, преку наставниците кои ќе ги следат нивните постигнувања и ќе ја формираат оценката.

Со оглед на тоа што наставата оваа учебна година започна на 1 октомври, препораката на Бирото за развој на образованието и Државниот просветен инспекторат е првите сумарни оценки за секој ученик да бидат изведени до 20 ноември. 

МОН и БРО апелираат до наставниците да го прилагодат оценувањето на учениците согласно учењето на далечина. Потребно е да се постават јасни насоки во врска со очекуваните резултати од учењето и начинот на следење, контролирање и вреднување на постигнувањата на учениците во овој период. Во рамки на формирањето оценка треба да се задаваат автентични задачи кои ја елиминираат можноста за готови одговори од наставните материјали, или од други извори на информација, а во задачите со кои се проверува познавањето и разбирањето на фактите треба да се обезбеди контрола на времето за решавање на задачите.

Дополнително, наставникот може да направи табела за докази/продукти што ученикот ќе ги испрати како дел од електронското портфолио што ќе се оценува. Притоа критериумите за оценување, начинот на достава и роковите за достава треба да бидат јасно комуницирани до учениците и родителите. 

Учењето во виртуелна училница е во некои аспекти предизвик, но е истовремено можност да се направи исчекор во оценувањето – да се стави акцент на посложените когнитивни процеси, односно на издвојување, разбирање, анализа и помнење на она што е навистина важно,  наместо усвојување на фактографско знаење. Ова е  впрочем и цел на образованието и на реформите кои ќе следуваат.

Уште еднаш, да ја искористиме кризата како можност за поставување практики кои и понатаму ќе овозможат унапредување на образовниот процес и ќе бидат почеток на промени кои се неопходни за овозможување квалитет и адаптација на образованието за потребите на новите генерации.

Упатство за наставниците за начинот на оценување на учениците ОВДЕ

Continue Reading

Македонија

Министерката Шахпаска на панел дискусија по повод Меѓународниот ден за борба против сиромаштијата

Виолета | Media Press

Published

on

По повод Меѓународниот ден за борба против сиромаштија, министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска учествуваше на панел дискусија на тема “(Не)видена сиромаштија”, во организација на Сојуз на здруженија на граѓани и поединци “Македонска платформа против сиромаштија” (МППС).

Од страна на министерката Шахпаска, беа искажани заложбите на МТСП како активни учесници во премостувањето на последиците настанати од пандемијата со КОВИД 19 и намалување на релативната и апсолутната сиромаштија, кога целиот свет се соочува со отпуштање од работа на работниците.

„За да се постигне оваа цел, како решение беше донесен и 4 пакет економски мерки од страна на Владата, согласно кој ќе бидат поддржани најранливите категории граѓани, пензионерите со пониски пензии од 15.000 денари,  пасивните баратели на работа, самохраните родители, жени земјоделки, сезонски работници, корисниците на државна пензија, малите и средни претпријатија, како и помош за угостителскиот сектор, транспорт и туризам, како едни од најпогодените со пандемијата“, истакна Шахпаска.

Министерката посочи дека  најважно е  да се зачува секое работно место и потсети на уредбите со законска сила донесени во корист на лицата коишто ќе останат без работа, а донесени за време на вонредната состојба, како и за мерките  за лицата кои се тешко вработливи на пазарот на труд и  оперативните планови за вработување со средства кои се предвидени во буџетот.

 „Со цел поголем опфат на лица приматели на Гарантирана минимална помош, Владата го олесни пристапот на овие лица и со тоа обебеди поголеми можности , да влезат побрзо во системот како корисници“, стои во известувањето од МТСП .

Continue Reading