Connect with us

Македонија

Од денеска забрана за движење во шумите со кои стопанисуваат „Национални шуми“

Виолета | Media Press

Published

on

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство по барање на Ј.П. „Национални шуми“ воведе делумна забрана за движење во шумите со кои стопанисува оваа претпријатие. Забраната за движење  започнува да важи од денеска 08.08.2019 година а ќе трае се до нејзино отповикување. Оваа одлука е донесена, со цел, превентивна заштита на шумите  од појава на пожари на отворен простор.

Оваа забрaна не важи за вработените во Ј.П. Национални шуми и за субјектите кои вршат шумско културни активности на површините со кои стопанисува оваа претпријатие.

За непочитување на оваа забрана од страна на  физички лица кои се затекнати да се движат во шума и шумско земјиште согласно член 106 од Законот за шуми ќе им се изрече  глоба од 1500 до 2000 евра во денарска противредност.

Исто така се известуваат сите граѓани,  дека заради превенција од пожари се забранува палење на стрништа, плевел и други растителни отпадоци во ловишта. За непочитување на одредбите од Законот за ловство се предвидува глоба во износ од 1500 до 3000 евра  во денарска противреднст.

Забраната не важи за организирани тури на туристи за туристичко разгледување на шумите со стопанска намена, кои ќе бидат одобрени со дозвола од страна на дирекцијата и Подрачните единици на Ј.П. „Национални шуми“.

Македонија

Арсовски: Недостојни и недолични се изјавите на бугарскиот министер за одбрана Красимир Каракачанов

Виолета | Media Press

Published

on

Недостојни и недолични се изјавите на бугарскиот министер за одбрана Красимир Каракачанов и ние ги осудуваме, соопшти денеска портпаролот на македонската Влада, Душко Арсовски, кој го изрази оптимизмот на Владата дека ова не е став на мнозинството во Бугарија

На прес-конференцијата одговарајќи на новинарско прашање за несоодветната и провокативна изјава на министерот за одбрана на Република Бугарија, Красимир Каракачанов, дека е подготвен да испрати инженерски полк и ги отстрани спомениците и спомен-плочите на кои пишува фашистички окупатор, портпаролот Арсовски го наведе ставот на министерката за одбрана Радмила Шекеринска и истакна дека ваквите изјави се недостојни и недолични, како и дека претставници на две земји членки на НАТО не може на ваков начин да комуницираат меѓу себе.

Воедно портпаролот Арсовски изрази убеденост дека Бугарија како земја-сосед која прва ја призна независноста на Северна Македонија и која беше прв промотор на нашата интеграција кон НАТО и ЕУ нема да помисли да го оспорува правото на идентитетско самоопределување на  пријателскиот македонски народ.

Тој го изрази оптимизмот на Владата дека ова не е став на мнозинството во Бугарија и дека ќе се изнајде решение со кое ќе се надмине ова недоразбирање со нашиот сосед.

Continue Reading

Македонија

777 прекршоци на територијата на цела Македонија, 77 се во регионов

Александар | Media Press

Published

on

Во текот на изминатото деноноќие на територијата на Република Северна Македонија, според статистиката на МВР по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 777 прекршоци.

На ниво на Секторот за внатрешни работи Струмица 77 лица не ја почитувале, од кои 33 во Струмица,  29 во Радовиш, 8 во Гевгелија и 7 во Валандово.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со ковид-19. 

Continue Reading

Македонија

Армијата се подмладува – нови питомци на Воената академија, нови офицери во единиците

Александар | Media Press

Published

on

Дваесет и седум потпоручници кои го завршија своето образование на Воената академија од денеска се новите офицери во Армијата на Република Северна Македонија и вооружените сили на Црна Гора, Босна и Херцеговина и Косово. Денеска на Воената академија освен промоцијата на потпоручниците, примени беа и нови 40 питомци, кои со давањето на свечената заклетва го започнаа своето четиригодишно воено образование.

Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска на овие две класи им честиташе што одбрале професија која е високо ценета, угледна и благородна и изрази убеденост дека со својата работа овие сегашни и идни офицери ќе ја заслужат високата доверба која граѓаните ја имаат во Армијата.

„Дваесеттата класа питомци кои денеска го добиваат својот прв офицерски чин покажа колкава е вредноста на Воената академија не само за нас, туку и за нашиот регион, а преку нашиот регион и за НАТО – Алијансата. 30-тина проценти од оваа класа се школувани за потребите на вооружените сили на регионот“, рече министерката. Таа на потпоручниците им порача дека изминатиот период беа направени големи чекори напред и дека во нашата земја во тек се суштински процеси за опремување, трансформација и модернизација. „Ќе продолжиме да работиме, резултатите од вашата работа да бидат по видливи, вашиот стандард повисок, но се ова е возможно со заеднички напор. Дајте сè од себе, помогнете ни да бидеме подобри и поефикасни. Бидете целосно фокусирани, посветени и мотивирани во вашите задачи затоа што само така се достигнува врвот“, рече Шекеринска.

На свеченоста беа наградени тројцата прворангирани потпоручници, Биљана Дуловиќ од Црна Гора и Гоце Софески и Филип Младеновски од Северна Македонија, а плакета им беше доделена и на професорите на Воената академија кои годинава заминуваат во пензија.

Continue Reading