Connect with us

Македонија

Од 01 до 07 Август се одбележува Светска недела на доењето

Виолета | Media Press

Published

on

Годинешно мото на СВЕТСКАТА НЕДЕЛА НА ДОЕЊЕТО е

„Подршка на родителите за да се одржи доењето“.

              Доењето е еден од најважните начини за унапредување и чување на здравјето на новороденчето.Тоа е најздравиот,најекономичниот и наједноставниот начин да се обезбеди правилна исхрана на новороденчето.

             Со цел доењето да биде успешно на мајките доилки  им е потребна континуирана поддршка во сите фази од мајчинството.

            Во согласност со препораките од Светската здравствена организација и Програмата за заштита на мајките и децата изработена од страна на експерти во  Министерството за здравство,тимот од патронажни сестри вработени во Здравствениот дом во Радовиш, редовно ги посетуваат родилките од самото доаѓање од болница  па се до шестиот месец.

Понатамошната едукација се спроведува во Советувалиште за мали деца кое е во склоп на Здравствениот дом.

          Целта на патронажната медицинска сестра е

-воспоставување на комуникација со стекнување на доверба

-предности од доењето за детето

-предност од доењето за мајката

Процентот на успешност од спроведување на патронажните посети, годинава е зголемен во однос на 2018 година.

Во месец Јули 2018 година од 27 новороденчиња кај 17 е воспоставен процесот на  доење што значи скоро 63%.

Во истиот месец 2019 година од посетени 24 новородени ,кај 18 е воспоставен процесот на доење а тоа значи 75%.

Патронажната служба и превентивните советувалишта се постојано на располагање во давањето на стручна помош за справување со сите предизвици со доењето.Заради тоа е и зголемен процентот на родилки кои сакаат да ги дојат своите новороденчиња.Здравствениот дом со сите свои расположливи ресурси се бори а и успева во исполнувањето на своите обврски велат од Здравствен дом, Радовиш.

Македонија

Незначителни промени на цените на горивата кои важат од полноќ

Александар | Media Press

Published

on

Малопродажните цене на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се намалуваат за 0,50 денар/литар, во однос на малопродажната цена утврдена со минатонеделната одлука и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 58,50 денари за литар, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 60,50 денари за литар, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 50,00 денари за литар, соопштува Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), не се менува, односно останува на исто ниво како што била утврдена со минатонеделната одлука да се продава по 50,50 денари за литар.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,184 ден/кг во однос на одлуката од претходната недела и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 26,938 ден/кг

Continue Reading

Македонија

МТСП: Од утре почнува етапната исплата на октомвриските пензии

Виолета | Media Press

Published

on

Министерството за труд и социјална политика информира дека пензиите ќе бидат исплатени предвреме и етапно, со цел да се овозможи поголема заштита на пензионерите во услови на опасност од коронавирусот КОВИД-19.

Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите кои не користат картички ќе се реализира во четири групи, според висината на пензијата:

–           Во вторник, на 27.10.2020 година исплата на пензии со висина до 11.000 денари;

–           Во  среда , на 28.10.2020 година исплата на пензии во висина од 11.001 денари до 14.000 денари;

–           Во четврток , на 29.10.2020 година исплата на пензии во висина од 14.001 денари до 18.000 денари;

–           Во петок  , на 30.10. 2020 година исплата на пензии во висина над 18.000 денари.

Пензионерите кои користат платежна  картичка, поврзана со сметката на која се префрлува пензијата, со парите можат да располагаат од вторник  28октомври . Тие можат да ја подигнат пензијата на банкомат, да ги користат средствата за плаќање во трговската мрежа или за електронски плаќања.

Етапното процесирање на пензиите ќе овозможи спроведување на препораките и мерките за спречување и ширење на вирусот, со оглед на тоа што пензионерите како возрасна група се најранливи.

Министерството за труд и социјална политика укажува дека пензиите се сигурни на сметките на корисниците, пензискиот систем е стабилен и функционира без проблеми.

„Апелираме до пензионерите да се придржуваат до распоредот за исплати, затоа што етапната исплата е направена со цел да се намали метежот пред банките и можностите за загрозување на личното и јавното здравје.Потсетуваме на обврската за носење лична заштитна опрема којашто ги покрива пределот на носот и устата како и на држење растојание при чекање ред пред и внатре во банките“, велат од МТСП.

Continue Reading

Македонија

Пресечен меѓународен транспорт на дрога, пронајдени околу 100 килограми хашиш

Виолета | Media Press

Published

on

 Во текот на вчерашниот ден Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи, во заедничка акција со полициски службеници од Одделот за специјални полициски операции и СВР Охрид  пресече меѓународен транспорт на наркотична дрога – хашиш во количина од околу 100 килограми.

“Имено, околу 12.20 часот, во непосредна близина на градските гробишта во Охрид полициски службеници запреле товарно возило – комбе „цитроен“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Ч.Б.(53), државјанин на Р.Турција. При извршен преглед на комбето, во задниот багажен простор, пронајдени се три големи картонски кутии и една полиетиленска торба во кои биле сместени 114 пакувања хашиш. Од страна на крим-техника е извршена обработка на возилото и подигнати се материјални докази, а Ч.Б. е лишен од слобода и приведен во СВР Охрид.

По преземени мерки и активности е утврдено дека Ч.Б. пред околу две недели со авион пристигнал од Истанбул во Приштина, пa во Република Северна Македонија и во Скопје остварил средба со неколку лица за да го изврши транспортот на дрогата од нашата земја во Република Турција“, информират од МВР.

По комплетирање на целосната документација против Ч.Б. ќе биде поднесена кривична пријава до Основното јавно обвинителство Охрид, со цел определување мерка притвор.  Покрај ова, во текот на вчерашниот ден извршени се претреси на подрачјето на Скопје, при што се лишени од слобода уште две лица и одземени се предмети за понатамошна постапка, а во консултација со Јавен обвинител кривичната пријава ќе биде проширена, додаваат од ресорното Министерство.

 

Continue Reading