Гевгелија
Општина Гевгелија апелира за донации за семејствата погодени од пожарот
Објавено на
Од
Media Press
Општина Гевгелија апелира и ги известува сите заинтересирани
физички
и правни лица кои се заинтересирани да донираат и да помогнат на семејствата
чии станови изгореа или беа оштетени во пожарот кој се случи минатата недела во
зградата на улица Ристо Чавдаров да го направат тоа на следниве начини:
За сите оние кои се заинтересирани да донираат мебел,
бела техника и облека, тоа можат да го направат во просториите на
Пионерски дом секој работен ден во периодот од 8 до 20 часот.
Телефон за контакт: 070 459 345 (Мими)
Од
05.08.2019 отворена е и трансакциона сметка за парични
донации за погодените семејства:
ХАЛКБАНК АД СКОПЈЕ
Игор Димов
Ул.Ристо Чавдаров бр.25/1-12 Гевгелија
Денарска трансакциска сметка: 270-7000516742-74
Девизна трансакциска сметка: 270-7000516745-65
IBAN Code MK07270700051674565
SWIFT EXPCMK22
Име
на Банка ХАЛКБАНК АД Скопје
Ул. Св.Кирил и Методиј бр.54
С. Македонија
Во пожарот кој се случи пред неколку дена, на кровот на станбена зграда во Гевгелија, 6 стана целосно изгореа и семејствата останаа без кров над глава.
Поврзани содржини

ЈП Плаваја со факти и докази дека редовно се одржува депонијата во Радовиш

Пријава за пожар на патничко возило „форд“ со радовишки регистарски ознаки

Полициски службеници спасиле 80- годишен жител на Македонска Каменица, кој бил заглавен на тераса откако настанал пожар во неговата куќа

11 луѓе загинале, а најмалку 35 повредени во пожар во пензионерски дом во Тузла

Пожарот во куќа во Радовиш, навреме локализиран и повредени лица нема

Панчо од ДНК ја изгуби битката по долгото лекување на повредите од пожарот во ПУЛС
Гевгелија
Лишен од слобода за непоседување возачка дозвола
Published
1 месец agoна
октомври 7, 2026By
Media Press
Од билтенот на МВР: Во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода Д.Д(43) од Гевгелија. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле мопед со гевгелиски регистарски ознаки, кое го управувал Д.Д. и по преземени мерки било констатирано дека го управува без да поседува возачка дозвола. Мопедот е одземен, а за настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава по член 297-а од Кривичниот законик- „безобѕирно управување со моторно возило”.
Гевгелија
МВР: Банкарски службеник од Гевгелија во 13 наврати присвоил пари од сметки на двајца корисници
Published
3 месеци agoна
август 19, 2026By
Media Press
Вработен во банка во Гевгелија неовластено пристапувал до сметки на двајца корисници и присвоил околу пет милиони денари и над 63.000 евра, поднесена му е кривична пријава
ОВР Гевгелија поднесе кривична пријава против К.К.(52) од Гевгелија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „проневера во службата“. Во период од 07.11.2025 до 03.03.2026 пријавениот, како стручен соработник во експозитура на банка во Гевгелија, во 13 наврати присвоил 4.920.000 денари и 63.350 евра кои му биле доверени во службата, на тој начин што без налог од корисниците, пристапувал до денарска платежна сметка на двајца корисници, при што причинил материјална штета на банката.
Гевгелија
На железничка пруга во Гевгелија било пронајдено повредено лице мигрант
Published
3 месеци agoна
август 14, 2026By
Media Press
На 13.08.2026 во 13:35 часот во ОВР Гевгелија е пријавено дека на железничка пруга во Гевгелија било забележано повредено лице мигрант. Лицето е пренесено во Медицински центар Гевгелија, каде му била укажана помош и било констатирано дека има повреда на стапалото најверојатно од прегазување на воз.
Извршен бил разговор со лица вработени во железница, при што известиле дека во 13:25 часот тргнал товарен воз од Железничка пруга Гевгелија кон Скопје и пред тргнување биле извршени проверки и од возот биле симнати околу 10 лица мигранти кои сакале нелегално да се превезуваат. По наредба на јавен обвинител извршен е увид на местото и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Поевтинуваат горивата

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

