Од утре се укинуваат квотите за лекови на рецепт во аптеките во пет града

Министерот за здравство Венко Филипче најави дека се укинуваaт квотите во туристичките места, односно во Охрид, Ресен, Дојран, Струга и Гевгелија за да излезат во пресрет и на жителите, но и на туристите. Тој кажа дека се години наназад во летниот период поради наплив на туристи квотите на лекови во овие градови се трошат многу побрзо и жителите остануваат без потребната терапија.

Со оваа одлука, секој лек кој ќе биде издаден на рецепт, рецептот ќе биде реализиран од страна на Фондот за здравствено осигурување. Придобивка од ова решение е дека лековите на рецепт ќе бидат подостапни за граѓаните. Следните фази ќе се имплеметираат до крајот на месец септември.

Укинувањето на квотите за лекови според министерот е решение кое ќе го реши недостатокот од лекови по 15-ти во месецот.

Една од мерките ќе биде пациентот лично, со лична карта да ја подига терапијата во аптека.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago