Секторот за внатрешни работи-Струмица, во рамките на своите надлежности во претстојниот период превзема интензивни мерки и активности во угостителските објекти на подрачјето, имајќи ја во предвид зголемената бучава (гласната музика), раздвиженоста во угостителските објекти, пред се во кафулињата, на летните тераси и во дискотеките, во кои се позабележително е присуството на младите, посебно во вечерните часови. Активностите на полицијата се насочени на: присуство на малолетници во угостителски објекти после 24,00 часот, точењето алкохолни пијалоци на малолетни лица и прегласната музика која неретко ги вознемирува граѓаните, а пред се оние што живеат во близина на угостителските објекти.
За сите сопственици на
угостителските објекти кај кои ќе бидат констатирани прекршоци, СВР-Струмица
ќе поднесе соодветни поднесоци согласно член 8, 21 и 38
од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир (ЗППЈРМ), а ќе биде предложена
и мерка забрана
за вршење на дејност во законски предвидениот период.
Апелираме до сопствениците на
угостителските објекти и граѓаните да ги
почитуваат законите. Доколку се констатира состојба спротивна на Законот
истата соодветно ќе се санкционира информираат од СВР Струмица.
Ваквите интензивни мерки и активности на полициските службеници самостојно и во координација со надлежни инспекциски служби ќе продолжат да се реализират и во претстојниот период.