Connect with us

Регион

Општина Струмица од денеска започнува со асфалтирање

Виолета | Media Press

Published

on

Од Општината ги известува граѓаните дека од денеска (05.08.2019 година) започнаа подготвителните работи за асфалтирање и асфалтирање со втор слој на делници од булеварот „Ленинова“, улицата „Бетовенова“, кружниот тек на плоштадот „Народна Револуција“ (Бурчо) и крпење на ударни дупки на повеќе локации во градот.
Градежните активности ќе се одвиваат во наредните две до три недели и во овој период општина Струмица апелира до граѓаните за разбирање поради изведување на работите ќе има посебен режим во сообраќајот.

Македонија

Високи 862 нови случаи на Ковид – 19 покажува дневната статистика во вчерашниот извештај

Виолета | Media Press

Published

on

Во последните 24 часа се направени 2699 тестирања, а регистрирани се 862 нови случаи на ковид-19 од нив најголем број во Скопје 390

Од општините во Југоистокот повторно најголем број се од Струмица 27, во Гевгелија 12 , Радовиш 6 и Валандово 6.

Починати се 14 лица, пет пациенти од Скопје (35, 82, 62, 90 и 77г), еден од Прилеп (54г), еден од Тетово (88г), еден од Струга (66г), еден пациент од Велес (78г), еден од Битола (76г), двајца пациенти од Струмица (63 и 68г), еден од Радовиш (66г) и еден пациент од Ресен (83г).

Институтот за јавно здравје во текот на вчерашниот ден регистрира 223 оздравени пациенти од општините од Југоисточниот регион во Гевгелија 14 оздравени пациенти во Струмица 14 и во Радовиш 6 останатите се од другите општини во земјата. –

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 29558, бројката на оздравени пациенти е 19994, на починати е 977, а бројот на активни случаи изнесува 8587.

Continue Reading

Македонија

Бројот на нови случаи со Ковид -19 во државата, секојдневно расте, расте бројот и во Југоистокот

Виолета | Media Press

Published

on

Нови рекордни 870 случаи на ковид-19 беа регистрирани вчера, додека Собранието доцна синоќа го донесе Законот за заштита на населението од заразни болести, со кој стапуваат во сила мерките на Владата за носење маска на отворено и за групирање на отворен простор, како и за задолжителна самоизолација во период на тестирање.

Според информациите од Министерството за здравство, вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 28.697, од кои оздравени се 19.771, починати 963, а бројот на активни случаи изнесува 7.963.

Речиси половина – 48 проценти од сите активни случаи се во Скопје – 3.828, потоа следува Струмица – 458 која е општина со најголем број на активни случаи во Југоистокот.  Потоа следува  Гевгелија  со 86, Радовиш со 79,  Богданци – 52, Валандово – 33 и Дојран 18 активни случаи со Ковид -19.

Во последните 24 часа оздравени се 292 пациенити и починати се 14 лица, од кои тројца пациенти на 51, 60 и 83-годишна возраст од Скопје, тројца на возраст од 53, 65 и 71 година од Куманово, еден 80-годишен пациент од Дебар, двајца на возраст од 55 и 56 годни од Прилеп, еден 63-годишен од Тетово, еден 65-годишен од Велес, еден 68-годишен од Струмица, еден 72-годишен од Радовиш и еден 75-годишен пациент од Кратово. Сите се починати во болнички услови.

Continue Reading

Македонија

47 нови случаи на Ковид -19 во Југоистокот, според последниот извештај

Виолета | Media Press

Published

on

Министерството за здравство вчера попладне информираше дека во последните 24 часа се потврдени 640 нови случаи на Ковид-19 во земјава.  Во Југоистокот најмногу во Струмица 24,  11 во Гевгелија, 9 во Радовиш и 3 во Валандово.

Од МЗ соопштија дека од Ковид-19 во изминатите 24 часа починале 12 лица, односно, седум пациенти од Скопје на 63, 78, 70, 73, 70, 71 и 64 години, двајца од Велес на 79 и 89 години, еден пациент од Прилеп на 73 години, еден од Штип на 72 години и еден од Струмица на 85 години.

Институтот за јавно здравје регистрирал 143 оздравени пациенти. 15 од нив во Југоистокот во Гевгелија-2, Струмица-9, Радовиш-1, , Валандово-3

„Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 25473, бројката на оздравени пациенти е 18047, на починати е 874, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 6552.

На Инфективната клиника во Скопје во изминатите 24 часа примени се 20 пациенти, а вкупно се хоспитализирани 115 пациенти.

Во болницата во Козле хоспитализирани се седум деца и пет мајки позитивни на Ковид-19 и три деца и три мајки суспектни на вирусот.

„Во ГОБ „8 Септември“ има 7 приеми, а вкупно хоспитализирани се 47 пациенти. На респиратор се 4 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 43, а во болницата во Штип се 53 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга, Кочани и Кавадарци се хоспитализирани 262, позитивни и сомнителни на Ковид-19“, стои во соопштението на МЗ.

Досега во земјава се направени вкупно 229.246 тестирања на Ковид-19, а во изминатото деноноќие се направени 2.634 теста.

Continue Reading