Connect with us

Култура

56-то издание на струмичка ликовна колонија

Виолета | Media Press

Published

on

15  ликовни творци од земјата, но и од десетина други  држави  меѓу кои САД, Русија, Грција, Бугарија, Полска и Србија ќе бидат дел од  56 то издание на меѓународната струмичка ликовна колонија  која важи за една од најстарите и најпрестижни колонии на Балканот. Колонијата оваа година ќе трае 12 дена , а започна  со изложба на цртежи и графики кои во изминатиот половина век во Струмица ги создале дел  од најзначајните имиња на македонската ,но и светската ликовна уметност.

 И оваа година на колонијата треба да бидат застапени скоро сите ликовни техники .За време на 12- те дена се очекува да бидат создадени околу педесетина нови дела во повеќе различни ликовни техники  со кои ќе се  збогати големата збирка  на струмичката уметничка галерија. По 26 – ти пат во рамки на колонијата ќе работи и студиото за мозаик.

Во изминатите 55 години на меѓународната ликовна колонија во Струмица учествувале над 1400 ликовни уметници од скоро сите краеви на светот. Во периодот од над половина век тие во Струмица имаат создадено нешто повеќе од 2600 уметнички дела.

Култура

Претседателот Пендаровски ќе го отвори јубилејното 60-то издание на Охридско лето

Виолета | Media Press

Published

on

Претседателот Стево Пендаровски, вечерва – 4 август 2020 година, вторник, ќе присуствува и ќе се обрати на свеченото отворање на јубилејното 60-то издание на „Охридско лето“, во Античкиот театар во Охрид.

Обраќањето на претседателот Пендаровски ќе биде пренесувано во живо на првиот програмски сервис на МТВ, како и на Facebook страницата на Претседателот и на YouTube каналот.

Реномираниот меѓународен фестивал „Охридско лето“, традиционално, се одржува под покровителство на Претседателот на државата.
Јубилејното 60-то издание на “Охридско лето” годинава првпат од основањето на Фестивалот ќе се одржува во термин различен од вообичаениот и согласно условите наметнати од епидемијата на коронавирусот.

Continue Reading

Култура

Струмичкиот карневал ќе се одржи според планираната програма

Александар | Media Press

Published

on

Струмичкиот карневал ќе се одржи според планираната програма и за сега не е предвидено негово откажување.

Ова вечерва го соопшти претседателот на карневалскиот одбор Александар Цицимов кој информираше дека ги следат препораките на надлежните државни служби и се однесуваат согласно истите. 

Од странските гости своето учество го откажала само една група од соседна Србија. Се работи за ученици, а откажувањето дошло откако на ниво на училиште било одлучено да не се патува на екскурзии надвор од нивната држава.

Сите останати групи кои претходно го најавиле нивното учество се очекува во сабота да бидат дел од големата карневалска поворка.

Continue Reading

Култура

Предаден клучот на градот во рацете на карневалските претставници

Александар | Media Press

Published

on

Градоначалникот Коста Јаневски вечерва во центарот за култура „Антон Панов“ му го предаде клучот на градот на претседателот на Организациониот одбор на карневалот, Александар Цицимов и со тоа започнаа годинашните карневалски празнувања со кои се одбележуваат и 30 години од возобновувањето на организираната форма на Струмичкиот карневал.
– Од многуте специфични белези на овој град, што ја прават Струмица – Ѕвезда под небото и привлечна за луѓето од земјата и светот, без никакво сомнение, еден од највпечатливите заштитни знаци е Струмичкиот карневал, како неколкувековна традиција која успеала да опстои во времето и просторот се до денешни дни.

За нашиот карневал веќе пооддамна се знае на Балканот, во Европа и светот, па како таков неслучајно е високо позициониран на карневалската мапа, составена од бројни европски и светски карневалски градови.

Тоа го прави Струмичкиот карневал, бренд во брендот, а еден таков редок бренд треба да се чува, негува и надградува. Особено се радувам, како што впрочем се радуваат и сите струмичани, што годинава славиме вреден и значаен јубилеј – 30 години од возобновувањето на организираната форма на Струмичкиот карневал.

Честитки за овој јубилеј заслужуваат сите кои карневалот го чувствуваат за свој, особено оние кои директно или индиректно поминале низ овој карневал во овие изминати три децении, рече во своето обраќање градоначалникот Јаневски.

Continue Reading