Гевгелија
Општина Гевгелија обезбеди покрив над главата за оштетените станари
Објавено на
Од
Media Press
Општина Гевгелија со сите расположиви средства, а согласно своите надлежности, ќе помогне во обесштетувањето на станарите кои останаа без покрив над главата, како и во санирањето на штетите, најави градоначалникот на општина Гевгелија Сашо Поцков за време и веднаш по локализирањето на пожарот.
На семејствата чии станови беа целосно изгорени или оштетени, од страна на општината им беше обезбедено времено сместување. По синоќешната средба на градоначалникот на општината со некои од станарите на опожарените станови беше договорено општина Гевгелија да им исплати по еднократна парична помош на оштетените станари.
На секое семејство од изгорените станови во поткровјето денес им
е исплатена еднократна парична помош во висина на едномесечна просечна плата.
Еднократна парична помош им е исплатена и на семејствата во становите од
петтиот кат, кои се делумно или повеќе оштетени.
Во текот на денешниот ден, претседателот на Советот на општина Гевгелија Ташко
Дојчинов оствари уште една средба со оштетените станари на која стана збор
околу обесштетувањето и санирањето на штетите. Покрај обезбедувањето на покрив
над главата за семејствата кои тоа го немааат и еднократната парична помош од
страна на општината, беше договорена акција за расчистување на опожарените
станови.
Со механизација од градежните фирми и на ЈПКД„Комуналец“ ќе бидат расчистени остатоците од изгорените станови на шестиот кат, како и дворот на станбената зграда. Во акцијата, која ќе биде изведена во текот на утрешниот ден, ќе бидат вклучени комуналните работници и друга работна рака. Претходно, ЈПКД„Комуналец“ ќе изврши контрола на водоводната мрежа, со исклучување на опожарениот кат, а вклучување во водовната мрежа на другите станови.
Од страна на ЕВН најавено е повторно приклучување на електрична енергија на шалт таблата на зградата, по што, станарите треба да извршат приклучување на сопствените шалт табли.
Поврзани содржини

Започна исплатата на помошта на сопствениците на дуќани и тезги кои беа зафатени во големиот пожар во „Глобал“ на 2 јануари 2021 година

Се разгледуваат деталите за петтиот пакет мерки, можна е финансиска помош за платите, но не безусловно

Советот на Општина Радовиш донесе одлука да се одобрат средства за помош на соседна Струмица за опожарениот „Глобал“

Влада: Во тек е исплатата на еднократната финансиска помош 6.000 денари за 283 илјади граѓани

Изгласан законот кој е дел од четвртиот сет мерки за помош по 6000 денари на ранливите категории граѓани

Започнува исплатата на правата од социјална заштита за месец Октомври
Гевгелија
Лишен од слобода за непоседување возачка дозвола
Published
1 месец agoна
октомври 7, 2026By
Media Press
Од билтенот на МВР: Во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода Д.Д(43) од Гевгелија. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле мопед со гевгелиски регистарски ознаки, кое го управувал Д.Д. и по преземени мерки било констатирано дека го управува без да поседува возачка дозвола. Мопедот е одземен, а за настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава по член 297-а од Кривичниот законик- „безобѕирно управување со моторно возило”.
Гевгелија
МВР: Банкарски службеник од Гевгелија во 13 наврати присвоил пари од сметки на двајца корисници
Published
3 месеци agoна
август 19, 2026By
Media Press
Вработен во банка во Гевгелија неовластено пристапувал до сметки на двајца корисници и присвоил околу пет милиони денари и над 63.000 евра, поднесена му е кривична пријава
ОВР Гевгелија поднесе кривична пријава против К.К.(52) од Гевгелија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „проневера во службата“. Во период од 07.11.2025 до 03.03.2026 пријавениот, како стручен соработник во експозитура на банка во Гевгелија, во 13 наврати присвоил 4.920.000 денари и 63.350 евра кои му биле доверени во службата, на тој начин што без налог од корисниците, пристапувал до денарска платежна сметка на двајца корисници, при што причинил материјална штета на банката.
Гевгелија
На железничка пруга во Гевгелија било пронајдено повредено лице мигрант
Published
3 месеци agoна
август 14, 2026By
Media Press
На 13.08.2026 во 13:35 часот во ОВР Гевгелија е пријавено дека на железничка пруга во Гевгелија било забележано повредено лице мигрант. Лицето е пренесено во Медицински центар Гевгелија, каде му била укажана помош и било констатирано дека има повреда на стапалото најверојатно од прегазување на воз.
Извршен бил разговор со лица вработени во железница, при што известиле дека во 13:25 часот тргнал товарен воз од Железничка пруга Гевгелија кон Скопје и пред тргнување биле извршени проверки и од возот биле симнати околу 10 лица мигранти кои сакале нелегално да се превезуваат. По наредба на јавен обвинител извршен е увид на местото и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Поевтинуваат горивата

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

