Connect with us

Гевгелија

Општина Гевгелија обезбеди покрив над главата за оштетените станари

Виолета | Media Press

Published

on

Општина Гевгелија со сите расположиви средства, а согласно своите надлежности, ќе помогне во обесштетувањето на станарите кои останаа без покрив над главата, како и во санирањето на штетите, најави градоначалникот на општина Гевгелија Сашо Поцков за време и веднаш по локализирањето на пожарот.

 На семејствата чии станови беа целосно изгорени или оштетени, од страна на општината им беше обезбедено времено сместување. По синоќешната средба на градоначалникот на општината со некои од станарите на опожарените станови беше договорено општина Гевгелија да им исплати по еднократна парична помош на оштетените станари.

На секое семејство од изгорените станови во поткровјето денес им е исплатена еднократна парична помош во висина на едномесечна просечна плата. Еднократна парична помош им е исплатена и на семејствата во становите од петтиот кат, кои се делумно или повеќе оштетени.
Во текот на денешниот ден, претседателот на Советот на општина Гевгелија Ташко Дојчинов оствари уште една средба со оштетените станари на која стана збор околу обесштетувањето и санирањето на штетите. Покрај обезбедувањето на покрив над главата за семејствата кои тоа го немааат и еднократната парична помош од страна на општината, беше договорена акција за расчистување на опожарените станови.

 Со механизација од градежните фирми и на ЈПКД„Комуналец“ ќе бидат расчистени остатоците од изгорените станови на шестиот кат, како и дворот на станбената зграда. Во акцијата, која ќе биде изведена во текот на утрешниот ден, ќе бидат вклучени комуналните работници и друга работна рака. Претходно, ЈПКД„Комуналец“ ќе изврши контрола на водоводната мрежа, со исклучување на опожарениот кат, а вклучување во водовната мрежа на другите станови.

Од страна на ЕВН најавено е повторно приклучување на електрична енергија на шалт таблата на зградата, по што, станарите треба да извршат приклучување на сопствените шалт табли.

Гевгелија

Гевгелија ќе добие станбена зграда за домување на лица од социјално – ранливи категории

Виолета | Media Press

Published

on

Започна изградбата на нова станбена зграда кај поранешната Касарна во Гевгелија, која ќе биде наменета за домување на лица во социјален ризик и други ранливи групи.

Во станбената зграда се предвидени 52 стана, во кои ќе бидат сместени социјално-загрозени семејства. Зградата е дел од програмата за изградба и одржување на станови во сопственост на РС Македонија. Одобрението за градење е издадено од Општина Гевгелија.

             Инвеститор на социјалните станови е АД за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор. Изведувач на градежните работи е ДПТУГУ „Атриум“ ДОО узов-извоз Вевчани, со лиценца „А“ за изведувач на градби од прва категорија, додека надзорот при изведувањето го врши инвеститорот – АД за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор од значење на Републиката- Подружница Струмица.

Continue Reading

Гевгелија

Подобрена урбаната опрема за одржување на комуналната хигиена во ЈПКД „Комуналец“ во Гевгелија

Виолета | Media Press

Published

on

Во ЈПКД „Комуналец“ во Гевгелија, наспроти зголемените активностиза спроведување на заштитните мерки против Корона вирусот, се реализирани повеќе активности за подобрување на комуналната хигиена, информираат од Комуналец.

„Во изминатите десет месеци, набавени се 85 улични корпи за ситен отпад, 80 пластични контејнери од 1.1 м³ и 25 метални контејнери од 1.1 м³.Во овој период е реализирана и акцијата за набавка и бесплатна поделба на контејнери на домаќинствата  во оние делови од градот, каде што поради тесните улици нема услови за поставување на контејнери.           – Набавени се 1500 канти за отпад од 120 литри кои се поделени бесплатно на домаќинствата, каде собирањето на отпадот е рачно и нема можност за поставување на контејнери“, вели директорот на ЈПКД „Комуналец“, Златко Зумров.
Тој додава дека до крајот на годината, ќе се набават и поделат уште 500 канти, а идната година е планирана набавка на уште 1750 канти за отпад од 120 литри кои бесплатно ќе им бидат поделени на домаќинствата.

„Со тоа ќе се обезбедат услови за навремено собирање и дистрибуирање на отпадот и во оние градски делови и непристапна улици, а тоа домаќинствата нема да ги чини ништо“, вели Зумров, нагласувајќи дека за подобро одржување на комуналната хигиена на јавните површини набавена е метларка за машинско чистење на улици.       

   Во ЈПКД „Комуналец“  набавена е опрема за зимско одржување на улици и патишта  за три возила. Со тоа, всушност, се заштедени значителни финансиски средства во Oпштината. Имено, досега Oпштина Гевгелија за зимско одржување на улиците ангажирала фирми преку постапка за јавни набавки.

Continue Reading

Гевгелија

Продолжуваат да важат засилените мерки донесени од Општинскиот штаб за заштита и спасување во Општина Гевгелија

Виолета | Media Press

Published

on

    Согласно моменталната епидемиолошка слика на општина Гевгелија,продолжуваат да важат засилените мерки за заштита од КОВИД-19 кои ги донесе Општинскиот штаб за заштита и спасување на својата последна седница:

            -„ Граѓаните доследно да ги почитуваат и применуваат мерките на Владата на РСМ и на Министерството за здравство, посебно, кога станува збор за личната заштита и одржувањето на социјална дистанца.

            – Градскиот пазар и наредниот четврток ќе биде отворен само од еден влез, а пазарниот ден ќе се одвива со задолжителна примена на заштитните мерки: носење маска, дезинфекција на рацете и држење физичка дистанца.

            – Црковните власти во Гевгелија согласно укажувањата на Општинскиот штаб за заштита и спасување најавија дека погребните церемонии и помени во наредниот период ќе се изведуваат исклучиво на Градските гробишта со ограничен број на присутни, односно најблиските членови на семејството. Црковната кујна нема да биде отворена.

            – Сите правни субјекти, јавни установи и други објекти доследно да ги применуваат Протоколите за работа и за здравствена заштита и да се организира уште еден состанок со сопствениците на угостителските објекти, на кој ќе им биде укажано за сериозноста на состојбата и потребата од доследна примена на протоколите за работа.

            – Продолжува вршењето дезинфекција на јавните површини, двапати месечно, од страна на ЈПКД „Комуналец“ во соработка со Центар за јавно здравје- ПЕ Гевгелија.

            – Се преземаат ригорозни мерки во однос на примената на здравствените и протоколите за работа. За таа цел, секој ден ќе се врши контрола од надлежните државни и општински инспекциски служби и други органи според Планот за контрола на примената на заштитните мерки. За непочитување на заштитните мерки ќе следат соодветни санкции“ стои во известувањето од Општина Гевгелија.

Continue Reading