Connect with us

Македонија

9-те борачи од БК Бучим од Радовиш се вратија со девет медали од Меѓународен турнир

Виолета | Media Press

Published

on

Високи резултати на Боречкиот клуб Бучим од Радовиш на одржаниот Меѓународен турнир во борење во Јалова Република Турција.  Екипата од девет борачи, се врати со девет освоени медали, од кои еден златен, за освоено прво место. Градоначалникот на Општина Радовиш Герасим Конзулов по тој повод изврши прием на борачите и и раководството на Боречкиот клуб Бучим и притоа им се заблагодари за постигнатите резултати и за успешното претставување на Радовиш. Од Боречкиот клуб му врачија благодарница на градоначалникот Конзулов, за досегашната подршка како и дрес од Боречкиот клуб Бучим кој градоначалникот со задоволство го прифати.

Тој ги потсети борачите дека некогаш Бучим бил европски и  светски првак и гордост на Радовиш.

 Градоначалникот Конзулов упати апел до младите борачи да ги пренесуваат позитивните искуства од другите држави, како во борењето така и во зачувувањето на животната средина.   Во конкуранција од 120 борачи, од 16 различни екипи од повеќе држави, како што се: Шпанија, Косово, Молдавија и повеќе екипи од Бугарија и Турција 9-те борачи од БК Бучим  се вратија со девет медали рече тренерот Горан Атанасов.

Претседателот на БК Бучим Владо Лазаров спомна дека покрај момчиња во клубот тренираат и девојчиња и се доста успешни.  

За овие две години се формирани и две школи со борачи од Воиславци и Подареш кои успешно функционираат а во клубот се вклучени и девојчиња.

Златниот медал на меѓународниот турнир во Турција го освои Михајло Илиев, Два сребрени медали освоија Мехмед Усеинов и Илија Атанасов, и со пет бронзени медали  се закитија Ѓорги Ѓоргиев, Гоше Павлов, Стефан Митев, Мартин Иванов, Зорица Јованова и Христина Ѓоргиева.Турнирот се одржа на 26 и 27 јули во Јалова република Турција.

Македонија

777 прекршоци на територијата на цела Македонија, 77 се во регионов

Александар | Media Press

Published

on

Во текот на изминатото деноноќие на територијата на Република Северна Македонија, според статистиката на МВР по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 777 прекршоци.

На ниво на Секторот за внатрешни работи Струмица 77 лица не ја почитувале, од кои 33 во Струмица,  29 во Радовиш, 8 во Гевгелија и 7 во Валандово.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со ковид-19. 

Continue Reading

Македонија

Армијата се подмладува – нови питомци на Воената академија, нови офицери во единиците

Александар | Media Press

Published

on

Дваесет и седум потпоручници кои го завршија своето образование на Воената академија од денеска се новите офицери во Армијата на Република Северна Македонија и вооружените сили на Црна Гора, Босна и Херцеговина и Косово. Денеска на Воената академија освен промоцијата на потпоручниците, примени беа и нови 40 питомци, кои со давањето на свечената заклетва го започнаа своето четиригодишно воено образование.

Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска на овие две класи им честиташе што одбрале професија која е високо ценета, угледна и благородна и изрази убеденост дека со својата работа овие сегашни и идни офицери ќе ја заслужат високата доверба која граѓаните ја имаат во Армијата.

„Дваесеттата класа питомци кои денеска го добиваат својот прв офицерски чин покажа колкава е вредноста на Воената академија не само за нас, туку и за нашиот регион, а преку нашиот регион и за НАТО – Алијансата. 30-тина проценти од оваа класа се школувани за потребите на вооружените сили на регионот“, рече министерката. Таа на потпоручниците им порача дека изминатиот период беа направени големи чекори напред и дека во нашата земја во тек се суштински процеси за опремување, трансформација и модернизација. „Ќе продолжиме да работиме, резултатите од вашата работа да бидат по видливи, вашиот стандард повисок, но се ова е возможно со заеднички напор. Дајте сè од себе, помогнете ни да бидеме подобри и поефикасни. Бидете целосно фокусирани, посветени и мотивирани во вашите задачи затоа што само така се достигнува врвот“, рече Шекеринска.

На свеченоста беа наградени тројцата прворангирани потпоручници, Биљана Дуловиќ од Црна Гора и Гоце Софески и Филип Младеновски од Северна Македонија, а плакета им беше доделена и на професорите на Воената академија кои годинава заминуваат во пензија.

Continue Reading

Македонија

Кузеска: Предлог-измените треба да се усвојат во најкус можен рок, болничките капацитети забрзано се исполнуваат

Александар | Media Press

Published

on

Владата на вчерашната седница ги прифати препораките на Комисијата за заразни болести да се ограничи работното време на сите угостителски објекти до 23 часот, освен на тие коишто вршат испорака, како и да се ограничи капацитетот на патници во возилата на јавниот превоз на 50% од вкупниот број на патници предвидени во едно возило.

По барање на опозицијата точката за Измените и дополнувањата на Законот за заштита на населението од заразни болести, по скратена постапка, во Собранието, беше одложена.

„Време за одложување нема. Предлог-измените треба да се усвојат во најкус можен рок, бидејќи состојбата со вирусот е сериозна.

Пратениците треба да покажат одговорност и што поскоро едногласно да се изгласаат двата пакети на мерки со кои се штити здравјето на граѓаните.“ изјави портпаролот на СДСМ, Богданка Кузеска.

Continue Reading