Connect with us

Македонија

Денеска се празнува Огнена Марија

Виолета | Media Press

Published

on

Православните верници денеска го одбележуваат празникот посветен на света великомаченичка Марина, во народот познат како Огнена Марија, која се почитува како борец за христијанската вера и заштитничка на жените.

Според народното верување, Света Марина пали и казнува со огин и како и Свети Илија кој казнува со гром, спаѓа во огнени светци.

Иако овој празник на црквата во календарот не е означен со “црвена буква”, но сепак е многу почитуван во црквата и меѓу народот.

Според житието Марина се роди во незнабожечки дом во Антиохија Писидиска. Со христијанството се запозна и се крсти на свои 12 години, по што доживеа да биде презрена од сопствените родители. Во времето на Диоклецијан, Олимвриј, царскиот намесник во Антиохија, кога слушна дека света Марина е христијанка, а пленет од нејзината убавина, првин сакаше таа да му биде жена. Кога таа одби, ја изведе на суд по секој пропис како христијанка. Света Марина беше цели два дена подложена на мачење и најпосле обезглавена. Поголем дел од нејзините мошти се наоѓаат во манастирот Света Марина, во областа Мала Преспа (македонските села во Албанија), каде се уште се случуваат чуда над нејзините мошти.

Светата великомаченица Марина е родена во Антиохија и е ќерка на жрец-идолопоклоник. На 15 (според други на 16 годишна возраст) по свирепо мачење ѝ била отсечена главата, околу 270 година. Тогаш се убиени и 15000 луѓе што поверувале во Исус Христос и ја прифатиле неговата вера кога на небото виделе знак додека била мачена светата великомаченица Марина. За спомен на нејзините страдања Светата православна црква нејзиниот ден го празнува на 30/17 јули. Во народот е позната како Огнена Марија и е господарка на оганот, но и покровител на сеидбите кои ги чува од поројни дождови и пожари.

Жените посебно го празнуваат денот на Огнена Марија, па на овој ден домашните работи се сведени на минимун. Задолжително е одењето во црква и молитва пред иконата на Света великомаченичка Марина.

Обичај е да на овој празник, кога поради големата жештина гори и небото и земјата, ништо да не се работи. Се смета дека оваа светителка добро знае кој е грешен, па тој ден сите добиваат по заслуга.

Во преданијата има примери за оган и громови кои во врелите празнични денови го палеле житото, сеното и домовите на луѓето кои работеле на овој празник.

Македонија

Викендов започнува зимското сметање на времето

Виолета | Media Press

Published

on

Викендов започнува зимското сметање на времето. Односно ноќта меѓу сабота (24 октомври) и недела (25 октомври) Македонија и остатокот од Европа, со исклучок на Русија, Белорусија и Исланд, ќе прејдат на зимско сметање на времето. Во три часот по полноќ часовниците се враќаат еден час наназад, односно времето во три ќе се смета како два часот.

Зимското сметање на времето почнува секој последен викенд во октомври и трае до последниот викенд во март следната година, кога повторно настапува летното сметање на времето.

Европскиот парламент на 4 март лани изгласа да биде укинато сезонското поместување на времето од 2021 година. Но, Советот на ЕУ сè уште нема донесено конечна одлука, па сеуште не се зане дали ова ќе биде последното поместување на часовниците во ЕУ.

Преминувањето на летно и зимско сметање на времето првпат е забележано во 1916 година, во земјите на северот на Европа, а досега е воведено во околу 70 земји, за да се заштеди енергијата со тоа што периодот на дневната светлина од раните утрински часови ќе се „премести“ навечер.

Continue Reading

Македонија

РКЕ со предлог измени во законот за енергетика за поголеми ингеренции

Александар | Media Press

Published

on

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија подготвува предлог измени во Законот за енергетика со кои ќе побара поголеми ингеренции и прецизирање на надлежност во однос на изрекување на повисоки казни кон операторите на дистрибутивните системи доколку поради нивна неажурност и лоша организација ги оставиле потрошувачите без греење во време на грејна сезона.

Иницијативата за зајакнување на ингеренциите преку измени во Законот за енергетика следува откако на почетокот на грејната сезона РКЕ одржа состанок со БЕГ и сите останати компании кои го снабдуваат Скоје со топлинска енергија на кој од страна на компаниите беше информирани дека ќе нема проблем за почеток на грејната сезона.

Од таму потенцираат дека ингеренциите мора да се зголемат за да се пишуваат посериозни казни кои ќе бидат врзани со процент од вкупен приход што го остваруваат енергетските компании. Со зголемување на казните ќе се делува превентивно и операторите на дистрибутивните мрежи ќе се дисциплинираат и сериозно ќе се сфати нивната улога. Овие казни се мали и незначајни за енергетските компании, а при нивно зголемување ќе се заштитат потрошувачите.

Continue Reading

Македонија

Со положување на свежо цвеќе, одбележан 23 Октомври, Денот на Македонската револуционерна борбa

Виолета | Media Press

Published

on

Со положување на свежо цвеќе во Паркот на младите во Радовиш беше одбележан  23 Октомври Денот на  Македонската револуционерна борба.  Свежо цвеќе беше положено на на спомен обележјето на македонскиот револуционер Гоце Делчев. 23 октомври се празнува во чест на  фомрирањето на  Македонската Револуционерна Организација која е најсилното движење на Македонците за ослободување

По тој повод свежо цвеќе положија повеќе делегации. Делегација од локалната самоуправа на  општина Радовиш, Советот на општина Радовиш, Општинските организации на Сојузот на борците и Здружението на пензионерите од Радовиш и Конче и политичката партија ВМРО-ДПМНЕ.

Празникот се празнува по повод основањето на Македоската револуционерна органзиација во Солун. Имено на 23 октомври 1893 година во куќата на солунскиот книжар Иван Хаџи Николов во Солун се собрале шестмина млади мажи за да ги ставаат основите на тоа, коешто ќе стане симбол и знаме на борбите на Македонците за слобода. Основоположниците биле: Христо ТатарчевДаме ГруевПетар Поп Aрсов, Иван Хаџи Николов, Антон Димитров и Христо Батанџиев. Тие основаат конспиративна група, нарекувајќи ја македонски револуционерен комитет.

Организацијата се борела за ослободување на Македонија со сопствени сили, без помош од надвор. Формирањето на МРО значело почеток на организираното македонско револуционерно движење кое преку Илинден 1903 и Крушевската република, а потоа преку НОБ резултира со создавање современа самостојна македонска држава. Овој датум се поврзува со организираната борба на македонскиот народ и народите кои живееле во Македонија за формирање независна држава. Во политичка смисла, борбата за автономија значела формирање самостојна држава и затоа 23 октомври симболизира континуитет на македонската борба за независност.

Празникот се празнува од 2007 година како државен празник, кога бил донесен и изгласан новиот закон за државни празници, истовремено е и неработен ден за сите граѓани на Македонија.

Continue Reading