Од УХМР информираат
дека зголемена облачност со локални врнежи и дожд ќе има уште утре, а од среда
следува период на многу топло време. Во среда и четврток попладне ќе има услови
за изолирана појава на пороен дожд со грмежи.
Утре максималната температура ќе се движи 24 до 36 степени, во
среда од 29 до 37, четврток од 31 до 39 степени, во петок температуритата на некои места ќе се искачи до
40 степени, сабота од 30 до 39 и во недела од
29 до 38 степени.
Од итната медицинска помош при Здравствениот
дом во Радовиш апелираат, граѓаните да ги почитуваат општите препораки
за заштита од високите температури, односно да се заштитат од директна сончева
изложеност, да носат светла и лесна облека, а при директна изложеност на сонце да носат заштитни очила и капа. најмногу топлото време
ги погодува хронично болните пациенти.
Во
текот на ваквите екстремно топли денови, се препорачува граѓаните да останат
во затворени простории (пред се климатизирани), при неопходен престој на
отворен простор во овој период, да најдат можност за почести одмори под сенка,
а хронично болните лица редовно да ја земаат пропишаната терапија.
При доагање на колапс потребно е да му се помогне на колабираниот.
Општа препорака е да се пие повеќе течности
пред се вода и да се престојува во разладени простории и разладување со вода.