Во тек се повеќе градежни активности во Радовиш и во населените места

 Во завршна фаза се изградба на ул. бр. 7 во с. Калугерица со должина од 1200 метри и улица бр. 10, крак 2 во с. Ињево со должина од 545 метри, чие асфалтирање ќе биде завршено за 10 до 15 дена.
 Во завршна фаза е проектот за постатување бехатони во градот со кои се опфатени и се решаваат некои повеќедецениски проблеми за приод кон станбени објекти како што се: приод од улица „Вапцарова“ во населба Куклевица и приод од улица „Мето Хаџи-Василев“.
 На 20.07.2019 год. спроведена е акција во населбата Дамјан во соработка со Јавното претпријатие за државни патишта. 
Имено, од гребениот асфалт од патниот правец Радовиш-Штип, изработени се 4 (четири) улици во вкупна должина од 1700 метри.
Општината обезбеди утоварувач од Ј.П. „Плаваја“, 2 камиони и еден ваљак кој го гради патот за Боров Дол, еден камион од „Македонија пат“, од „Еуро Инг“ Гевгелија и „Штрабаг“ кој беше вклучен во реализацијата.
На сите кои помогнаа, општината им изразува благодарност.
Интензивно се работи на изградба на локалниот пат кон с. Смиланци, чие завршување се очекува до крајот на месец август.
 Избран е изведувач за изградба на улици во с. Калаузлија со должина од 650 метри и ќе се започне со реализација на почетокот на месец август.
 Во тек се подготовки за јавни набавки за изградба на улици во с. Сулдурци, Тополница, Аликоч, Калуѓерица, Ињево, Раклиш, Ораовица и во градот.
 Се работат проекти за локални патишта, и тоа:
– обиколница Подареш (Малешевски пат)
– локален пат до градски водовод (по реката)
– локален пат до с. Пуголево
 Интензивно се работи на изработка на зафаќање на пороите во:
– Радовиш (од ул. Ана Поцкова – позади Хотел „Панорана“ до река Сушица) како и пороите во населените места,Ињево – 3 порои,  Воиславци – 2 порои, Сулдурци – 1 порој и Раклиш – 1 порој.

Потоа регулација на реките во: с. Ињево, Калуѓерица, Злеово, Покрајчево, Јаргулица, Порадеш и Раклиш.
 Изработен е проект за зафаќање на атмосферските води во III. месна заедница „Куклевица“ (на Булевар „А. Македонски“ до нас. Раклиш) за спречување од катастрофалните поплави кои случуваат повеќепати во текот на годината. Во тек е и изработка на  проект за фекална канализација во река Сушица (од мостот кај кланица „Андонови“, (северно кон индустриска зона) информираат од општина Радовиш

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

4 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago