Connect with us

Конче

Брачен пар донираше возило за потребите на Народна кујна од Конче

Виолета | Media Press

Published

on

Куртов Ајрула со потекло од с.Конче и неговата сопруга Габриела Куртов-Гудер од Германија кои живеат и работат во Германија, донираа автомобил “Пежо Партнер” кој ке биде доделен на “Народна Кујна” со кој раководи ЈКПД “Лакавица”.

 Народната Кујна дневно доставува топол оброк на околу 70 социјални,изнемоштени и стари лица во с.Конче и околните села. До сега превозот на оброците се доставуваше со доста старо возило кое беше тешко за одржување и користење. Клучевите од возилото денеска кое денеска беше донесено во Конче беа предадени на градоначалникот Благој Илиев, кој се заблагодари за ваквата вредна донација со која ќе се реши проблемот со доставувањето на топлите оброци. Со регулирањето на потребната документација ќе биде ставено во функција и на располагање на ЈКПД “Лакавица”.

Конче

Успешно започна новата учебна година во ООУ „Гоце Делчев“ во Конче, со настава со физичко присуство и онлајн настава

Виолета | Media Press

Published

on

Успешно стартуваше новата учебна година во ООУ „Гоце Делчев“ во Конче, солгасно добиените одобренија од Министерството за образование за настава со физичко присуство и онлајн настава.  Од вкупно 266 ученици настава со физичко присуство започнаа 135 ученици од 1 до 5-тто одделение  во подрачните училишта, а во центраното ОУ Гоце Делчев во Конче  учениците од 1 до 3-то одделение.

Според директорката  Цветка Ангелова наставата денеска започна успешно без поголеми проблеми и притао таа изрази благодарност до градоначалникот Благој Илиев и Советот на Општина Конче кои секогаш им излегуваат во пресрет забило какви потреби. Благодарност упати и до Рудникот Боров Дол кој набави  15 таблети  и обезбеди  достап до интернет на учениците од социјално загорезени семејства.

Ангелова рече дека наставниот кадар ќе биде на располагање на учениците и родителите 24 часа и доколку се соочуваат со некои проблеми можат да се обратат.

 Дечињата на дешениот прв училишен ден пристигнаа во училиштето со заштитни маски, целосно почитувајќи го протоколот за настава.  Улиштето е целосно дезинфицирано и исчистено а  има поставено и средства за дезинфекција на влезот на истото, каде дечињата ќе можат да ги дезинфицираат рацете.

Continue Reading

Конче

Боров Дол го поддржува инфраструктурниот развој во Општина Конче

Виолета | Media Press

Published

on

Новиот рудник за бакар Боров Дол започна да учествува во финансирањето на инфраструктурни проекти за реконструкција на локалната патна мрежа во општина Конче.

Боров Дол донираше финансиски средства во висина од 7.700 eвра на општина Конче, наменети за изработка на проектна документација за целосна реконструкција на дел од локалниот пат до с. Габревци и на локалниот пат од  Долни Липовиќ до  Горни Липовиќ.

Градоначалникот Благој Илиев изрази благодарност до менаџерскиот тим на Боров Дол, без чија подршка  немаше да се реалзираат овие два проекти.

Реконструкцијата на постоечката локална патна инфраструктура во Конче, пред се ќе овозможи развој на економијата, транспорт на добра и услуги и социјално поврзување на граѓаните на општина Конче, сметаат од Боров Дол, од каде најавуваат дека ке продолжат со подршка за развој на општината.

 „Модернизацијата на патната инфраструктура ќе овозможи и полесно и побезбедно патување на населението кое што живее и работи во овој дел од општината.

Боров Дол ги поддржува проектите кои го подобруваат квалитетот на животот на граѓаните од локалните заедници во кои што работи, а унапредување на патната мрежа во Конче ќе придонесе за економскиот развој на самата општина“, велат од  Боров Дол.

Continue Reading

Конче

Утре ќе се одржи инфо ден од програмата ИПАРД 2014 – 2020 во Општина Конче

Виолета | Media Press

Published

on

Општина Конче ќе биде домаќин на инфо ден– како дел од програмата ИПАРД 2014 – 2020 организиран од Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство. Истиот ќе се одржи утре, односно на  28.07.2020 година (вторник) во дворот на Општина Конче со почеток во 11:00 часот.
„Воедно ги покануваме сите засегнати страни да учествуваат, со цел да се надгради нивното знаење и како крајна цел да се добијат квалитетни апликации за ИПАРД програмата согласно јавните повици кои се во тек (МЕРКА 1)“ стои во известувањето од  Подрачното одделение од Радовиш.
Од каде ги покануваат земјоделците, преработувачите, земјоделското стопанство и сите останати потенцијални корисници на ИПАРД програмата, да земат учество на инфо деновите, заради поголема информираност.

Настанот ќе биде организиран согласно протоколот според кој  се одржуваат овие настани. Истиот е изготвен според упатствата на Владата усвоени со Уредба за време на пандемија и препораките на Комисијата за заразни болести.

Continue Reading