Побаран вонреден инспекциски надзор од Министерството за животна средина поради непријатна миризба

Поради се позачестената непријатната миризба, која се шири во Гевгелија, особено во вечерните часови, општина Гевгелија побара вонреден инспекциски надзор од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање. Со цел да се утврди причинителот на ваквата непријатна миризба и се преземат потребни мерки за спречување на ваквата појава.
На територијата на општина Гевгелија егзистираат фарми за живина, свињи и телиња, од кои за некои од нив, поради обемот на производство е издадена А-ИСК3 дозвола. А, тоа значи дека и целокупниот мониторинг за спроведувањето на заштитните мерки во овие капацитети е во надлежност на Министерството за животна средина и просторно планирање.

Затоа, и општина Гевгелија се обрати до ова министерство, кое ја издало дозволата, да изврши вонреден инспекциски надзор заради утврдување на жариштето на непријатната миризба. Следствено на тоа и преземање на неопходните мерки за санирање на ваквата појава, велат од Општината.

Media Press

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

4 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago