Connect with us

Видео

516.000 евра за регулација на дел од коритото на Сува река Гевгелија

Виолета | Media Press

Published

on

Започна реализацијата на проектот „Одржливо управување со водените ресурси во прекуграничниот регион“, или попознат како АКВА ЕМ 2., во чии рамки ќе биде извршена регулација на дел од коритото на Сува река.

 Проектот финансиски е поддржан од ИПА-Програмата за прекугранична соработка со Грција, а заеднички се  реализира со Универзитетот од Солун, општините Пеонија и Халкидона, во соседна Грција. Лидер партнер на проектот е општина Гевгелија, а партнер од македонска страна – јавното комунално претпријатие „Комуналец“ од Гевгелија. Додека од грчка страна партнери се Одделот за развој на хемиските истражувања при Универзитетот „Аристотелу“ во Солун, и општинските водостопански претпријатија во Пеонија и во Халкидона.

-Вкупниот буџет на проектот изнесува 1.448.329 евра, од кои на општина Гевгелија и се доделени 516.000 евра за регулација на дел од коритото на Сува река. Додека пак на гевгелиското јавно претпријатие му се доделени 123.807 евра за набавка на опрема за мерење на квалитетот на водата. Регулацијата на Сува река започнува на делот од почетокот на свртувањето на коритото кон јужниот дел од урбанизираната зона, во должина од 600 метри. Станува збор за најкритичниот дел од коритото, кое досега предизвикуваше излевање на речните води и загрозување на блиските станбени објекти, при пообилни врнежи и надојдени речни води. Со проектот се предвидува формирање на минор корито на регулација, 7 каскадни прагови, а ќе бидат изведени заштитни насипи, така што дното и бреговите од коритото ќе бидат соодветно обликувани, рече градоначалникот на општина Гевгелија Сашо Поцков, на денешното одбележување на изведувачките работи, на кој присуствуваа членови на Советот на општина Гевгелија, претставници на општината и други гости.

Со одобрените средства од проектот за „Комуналец“, ќе биде набавен најсовремен он-лајн анализатор за 24 часовно мерење и следење на хемиските параметри на реката Вардар.

Исто така, ќе биде набавен и он-лајн анализатор за следење на квалитетот на другите води.

Покрај ова со проектот се предвидени и неколку обуки за управување со водите и организирање на повеќе едукативни информативни средби.

Реализацијата на проектот ќе трае до април 2020 година, а дотогаш треба да заврши и регулацијата на предвидениот дел од Сува река.

прикажи повеќе
Advertisement

Видео

„Ќе брмчи Иџе“ промотивна трка низ скопските улици во чест на медицинарите и полицијата

Александар | Media Press

Published

on

„Медицинарите и полицијата се нашите херои“ оваа порака вчера ја пренесе најдобриот македонски автомобилист Igor Idze Stefanovski. Преку промотивната трка насловена ,,ќе брмчи Иџе“ тој дава поддршка на медицинските лица, полицијата, армијата кои се на првата борбена линија во овој тежок период предизвикан од  пандемијата на коронавирусот. .

Иџе во време на полицискиот час едноставно го размрда Скопје, ги извади околните жители на балконите да се пофали со неговото ново возило со кое ќе се натпреварува следната автомобилистичка сезона.

Continue Reading

Видео

Видео кое предизвика големо внимание

Александар | Media Press

Published

on

На социјалните мрежи се појави видео како се подготвува со заштитна опрема медицинскиот персонал во болниците во Италија, кои се грижат за пациантите заразани со корона вирус.

Под видеото стои:
❤️ 🇮🇹 ИТАЛИЈАНСКИ ХЕРОИ 🇮🇹 ❤️


ЛИНК ДО ВИДЕОТО

Continue Reading

Видео

Заев обелодени, зошто граѓаните во државава не можат да дојдат до лекови на рецепт

Avatar

Published

on

Претседателотна Владата Зоран Заев, на седницата за пратенички прашања обелодени причини откриени низ анализа, зошто граѓаните во државава не можат да дојдат до лекови на рецепт во текот на целиот месец, туку само на почетокот на месецот.

Тој рече дека нешто повеќе од година се работи на ова прашање, дека контроли покажале злоупотреби, дека се прави комплетно информатички систем на контрола и најави целосно решение на проблемот на есен.

Continue Reading