Connect with us

Македонија

Социјалните работници ќе добиваат плата повисока за 4.316 денари

Виолета | Media Press

Published

on

Со зголемувањето, самостоен стручен работник ќе зема нето платата со  раст од  23.196 на 27.512 денари. Со пресметан минат труд за вработен со 15 години стаж платата за ова звање изнесува 29,575 денари. Ова го најави Денеска во Клуб на пратеници министерката за труд и социјална политика Мила Царовска која се сретна со дел од вработените од областа на социјалната заштита.

Платите на вработените во Центрите за социјални работи и другите социјални установи ќе продолжат да се зголемуваат. Во септември на овие 22% ќе има и дополнително зголемување од 5%, со што платите во социјалната дејност ќе пораснат за 27 %. Зголемувањето на платите се прави согласно Законот за вработените во јавниот сектор и со него се опфатени 1.170 од вкупно 1.531 вработени, односно 76,5%. 

„Посебно се радувам што конечно после многу години имаме драстично зголемување на платите на социјалните работници и останатите даватели на услуги поврзани со дејноста социјална заштита. Почнувајќи од јунската плата која што е исплатена сега во јули во секторот социјална заштита платите се зголемуваат во просек за 22%, односно за 4.367 денари во нето износ во пресек по вработен“, изјави Царвоска.

„Лично сметам дека овој кадар треба да е мотивиран посветено и професионално да си ја врши работата, бидејќи е клучен за имплементацијата на социјалната реформа којашто ја стартувавме неодамна. Ова се луѓето кои директно работат со лицата во социјален ризик и на нивно извлекување од сиромаштија и заслужуваат вреднување на нивниот труд и посветеност“, додаде Царовска.

Македонија

МВР: 879 прекршители на мерката за носење лична заштита на лице

Александар | Media Press

Published

on

Министерството за внатрешни работи известува дека за последните 24 часа на целата територија на државата се регистрирани 879 прекршувања на мерката за носење лична заштита на лице.

Од Министерството упатуваат апел до сите граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид 19.

Continue Reading

Македонија

Бројот на нови случаи со Ковид -19 во државата, секојдневно расте, расте бројот и во Југоистокот

Виолета | Media Press

Published

on

Нови рекордни 870 случаи на ковид-19 беа регистрирани вчера, додека Собранието доцна синоќа го донесе Законот за заштита на населението од заразни болести, со кој стапуваат во сила мерките на Владата за носење маска на отворено и за групирање на отворен простор, како и за задолжителна самоизолација во период на тестирање.

Според информациите од Министерството за здравство, вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 28.697, од кои оздравени се 19.771, починати 963, а бројот на активни случаи изнесува 7.963.

Речиси половина – 48 проценти од сите активни случаи се во Скопје – 3.828, потоа следува Струмица – 458 која е општина со најголем број на активни случаи во Југоистокот.  Потоа следува  Гевгелија  со 86, Радовиш со 79,  Богданци – 52, Валандово – 33 и Дојран 18 активни случаи со Ковид -19.

Во последните 24 часа оздравени се 292 пациенити и починати се 14 лица, од кои тројца пациенти на 51, 60 и 83-годишна возраст од Скопје, тројца на возраст од 53, 65 и 71 година од Куманово, еден 80-годишен пациент од Дебар, двајца на возраст од 55 и 56 годни од Прилеп, еден 63-годишен од Тетово, еден 65-годишен од Велес, еден 68-годишен од Струмица, еден 72-годишен од Радовиш и еден 75-годишен пациент од Кратово. Сите се починати во болнички услови.

Continue Reading

Македонија

Усвоен е Законот, маските задолжително и на отворено, забрането групирање после 22 часот

Виолета | Media Press

Published

on

Владата го усвои Законот за заштита на населението од заразни болести со која се предвидува, носење лична заштита на лицето при излегување надвор од домот односно при движење на јавни места и површини од отворен и затворен тип.

Исклучок од оваа мерка се лицата кои активно спортуваат, децата под шест години и лицата со посебни потреби. Носењето маска не е потребно, при возење во приватно патничко возило, ако возачот е сам или со лице со кое живее во заедницата, при престојување во двор во семејна куќа со лица од истата семејна заедница, или во угостителски објект каде се применуваат специфичните протоколи за заштита. За неносење маска казната е 20 евра.

Законот предвидува и забрана за групирање на јавен простор во одредени периоди од деноноќието и други мерки утврдени со закон. Што значи од денеска забрането е групирање на отворено на повеќе од четири лица по 22 часот, а казната за непочитување на оваа мерка е 500 евра.

Со законот се регулира и самоизолацијата, односно таа е задолжителна при тестирање за КОВИД-19, од закажување на тестот или самото тестирање до добивање на резултатот, а самоизолацијата продолжува доколку резултатот е позитивен.

За прекршителите на членот од Законот кој ја регулира самоизолација предвидена е казна од 50 евра.

Со законските измени се зголемуваат ингеренциите на инспекциските служби, во однос на контролата на спроведувањето на новите мерки, кои вклучуваат и затворање на угостителски објекти доколку не ги почитуваат ковид протоколите.

Со новите мерки е уреден и начинот на лекување на лица заболени од ковид во приватни установи

Continue Reading