Connect with us

Македонија

Владата донесе повеќе одлуки за разрешување и именување на директори, в.д. директори

Avatar

Published

on

На денешната 147 седница Владата донесе повеќе одлуки за разрешување и именување на директори, в.д. директори и членови на управни и надзорни одбори на агенции, инспекторати, управи, државни претпријатија и јавни установи.

Исто така усвоен е Предлог-законот за Академија за судии и јавни обвинители кој за основна цел има воедначување на судската пракса преку зголемен обем на обуки, нови законски критериуми за состав на органите, како и за редефинирање на начинот на полагање на приемниот и завршниот испит.

 Утврден и Предлог-законот за Државниот инспекторат за употреба на јазиците, со кој се гарантира рамноправноста, еднаквоста и непристрасноста при примена на инспекцискиот надзор како и доследно применување на Законот за употребата на јазиците.

Македонија

404 нови случаи на Ковид- 19, 14 починати лица

Виолета | Media Press

Published

on

Денеска се регистрирани 404 нови случаи на ковид 19, оздравени се 182 пациенти, а починаа 14 лица.

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.524 тестирања, а регистрирани се 404 нови случаи на ковид-19 од кои најголем број во Скопје- 172. Во Југоистокот најмногу во Струмица-29, Гевгелија-9, Радовиш денеска не е на листата со нови случаи.

Нови случаи во останатите градови има во: Куманово-15, Дебар-4, Штип-8, Прилеп-25, Тетово-41, Струга-4, Велес-6, Битола-4, Охрид-11, Кавадарци-5, Гостивар-20, Крива Паланка-2, Кочани-18, Пробиштип-3, Берово-6, Виница-2, Делчево-4, Свети Николе-2, Кичево-3, Ресен-2, Неготино-9.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 182 оздравени пациенти од: Скопје-107, Куманово-4, Штип-9, Прилеп-10, Тетово-11, Струга-4, Битола-3, Охрид-1, Гостивар-1, Гевгелија-5, Струмица-4, Радовиш-6, Кочани-6, Пробиштип-1, Македоснки Брод-1, Пехчево-2, Валандово-3, Свети Николе-1, Кичево-3.

Починати се 14 лица, пациенти од Прилеп (77г), Куманово (76 и 66г), Крива Паланка (65г), Скопје (80г), Гевгелија (51г), Кочани (83г), Струга (66г), Битола (68г), Ресен (52 и 83г), Виница (67г), Берово (67г), Тетово (59г). Сите пациенти се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 26394, бројката на оздравени пациенти е 18430, на починати е 897, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 7067. 

Досега во земјата се направени вкупно 233.137 тестирања на Ковид -19.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 10 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 134 пациенти. На кислородна поддршка се 92 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле хоспитализирани се 5 деца и 8 позитивни мајки, 2 мајки суспектни на ковид-19, нема хоспитализирани деца суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ има 6 приеми, а вкупно хоспитализирани се 46 пациенти. На респиратор се 2 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 52, а во болницата во Штип се 50 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга, Кочани и Кавадарци се хоспитализирани 298 позитивни и сомнителни на ковид-19.

Continue Reading

Македонија

Заев:Со големо жалење ја примив тажната вест за смртта на Амди Бајрам

Виолета | Media Press

Published

on

Премиерот Зоран Заев со големо жалење ја примил тажната вест за смртта на поранешниот пратеник и политичар Амди Бајрам. Заев со објава на Фејсбук се прости од 64 годишниот Амди, од негово име и од име на Вадата.

„Со големо жалење ја примив тажната вест за смртта на Амди Бајрам. Во мое име, и во име на Владата на Република Северна Македонија, упатувам изрази на длабоко сочувство за оваа голема загуба. Со Амди Бајрам, како долгодишен претседател на Сојузот на Ромите од Македонија и пратеник, имавме принципиелна соработка за многу важни процеси од значење на државата и за заедницата на Ромите во нашата земја.Во овие денови на длабока жалост, се надевам дека зборовите на искрено сочувство ќе бидат утеха за големата загуба за неговото семејство и пријателите“, напиша Заев на својот Фејсбук.

Continue Reading

Македонија

Денеска попладне почина Амди Бајрам

Виолета | Media Press

Published

on

Денеска почина поранешниот пратеник и политичар Амди Бајрам. 64 годишниот политичар починал од комликации на срцето но неофицијално, тестот кој постхумно му бил направен покажал дека бил позитивен и на Ковид 19,

Пред една недела, Бајрам направи свадбената прослава за својата внука која беше организира во Турција. На истата имало околу 600 гости од кои 200 од Македонија.

Лидерот на Сојузот  на Ромите кој ќе биде запаметен како еден од политичарите  со најдолг стаж во македонскиот парламент, почина денеска претпладне на 64 години, страдал од проблеми со срцето и дијабетес, поради што лани му беше ампутирана едната нога.  Неговата партија Сојузот на Ромите, коалицираше и со владите на ВМРО ДПМНЕ и со СДСМ.

Амди Бајрам е роден во Скопје и има завршено средно трговско училиште, а извесно време бил генерален директор на текстилното претпријатие „Шутекс“. Бајрам во 1994 станал пратеник во Собранието на Република Македонија како член на Партија за целосна еманципација на Ромите (ПЦЕР), но до крајот на мандатот работел како независен пратеник. Во 1996 ја основал СРМ и бил назначен за нејзин претседател.

Ќе биде запаметен меѓу другото и по неговиот говор во парламентот во кој сакаше да потенцира дека него сите го познаваат и дека има авторитет велејќи, „ Јас сум Кока Кола за вас“.

Continue Reading