Connect with us

Регион

Општина Босилово се подготвува за одржување на традиционалната „Иселеничка средба“ Босилово – 2019

Avatar

Published

on

Се прават последните подготовки за одржување на традиционалната „Иселеничка средба“ Босилово – 2019, која ќе се одржи во четврток на 25 јули на летната сцена во Босилово. Предвидена е богата музичка програма во која ќе уживаат покрај иселениците кои во текот на летниот период се враќаат во своите родни краишта и локалното население кое постојано живее во околните населени места и во Босилово.

Учесници во музичката програма ќе бидат, група Пицикато, Боро и Билјана со група Астрион, Силви Бенд и Сузана Гавазова.   
– Идеата за организирање на оваа манифестација ,,Иселенички средби,, потекна лично од мене, во далечната 2011 година, заедно со претставничката на мировниот корпус, која во тоа време волонтираше во нашата општина. И после девет години оваа манифеставија опстојува, вели градоначалникот на Општина Босилово Зоран Зимбаков. Со организирањето на ваква вечер сакаме како локална власт да им посакаме добродојде на нашите сограѓани, иселеници од дијаспората, да им испратеме искрена порака дека секогаш и во секое време се добродојдени во родниот крај додава градоначалникот Зимбаков.

Програмата за „Иселеничка средба“ Босилово – 2019 ќе започне од 20 часот, на летната сцена во Босилово.

Македонија

47 нови случаи на Ковид -19 во Југоистокот, според последниот извештај

Виолета | Media Press

Published

on

Министерството за здравство вчера попладне информираше дека во последните 24 часа се потврдени 640 нови случаи на Ковид-19 во земјава.  Во Југоистокот најмногу во Струмица 24,  11 во Гевгелија, 9 во Радовиш и 3 во Валандово.

Од МЗ соопштија дека од Ковид-19 во изминатите 24 часа починале 12 лица, односно, седум пациенти од Скопје на 63, 78, 70, 73, 70, 71 и 64 години, двајца од Велес на 79 и 89 години, еден пациент од Прилеп на 73 години, еден од Штип на 72 години и еден од Струмица на 85 години.

Институтот за јавно здравје регистрирал 143 оздравени пациенти. 15 од нив во Југоистокот во Гевгелија-2, Струмица-9, Радовиш-1, , Валандово-3

„Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 25473, бројката на оздравени пациенти е 18047, на починати е 874, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 6552.

На Инфективната клиника во Скопје во изминатите 24 часа примени се 20 пациенти, а вкупно се хоспитализирани 115 пациенти.

Во болницата во Козле хоспитализирани се седум деца и пет мајки позитивни на Ковид-19 и три деца и три мајки суспектни на вирусот.

„Во ГОБ „8 Септември“ има 7 приеми, а вкупно хоспитализирани се 47 пациенти. На респиратор се 4 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 43, а во болницата во Штип се 53 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга, Кочани и Кавадарци се хоспитализирани 262, позитивни и сомнителни на Ковид-19“, стои во соопштението на МЗ.

Досега во земјава се направени вкупно 229.246 тестирања на Ковид-19, а во изминатото деноноќие се направени 2.634 теста.

Continue Reading

Регион

Продолжуваат акциите на МВР, уапсени четири лица во Гевгелија заради марихуана

Александар | Media Press

Published

on

Од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи и ОВР Гевгелија вчера се пронајдени околу четири килограми марихуана, 20 стебла канабис, метамфетамин, лабараторија за производство на масло од канабис и се приведени четири лица од Гевгелија.

„Околу 16 часот на место викано железнички мост е пронајдена марихуана кај М.Л. (41) и Е.П. (32), кои биле со возило „пежо“. Лицата се приведени , а потоа е извршен претрес на имот на периферијата на Гевгелија, кај Е.С. (44) и Љ.П. (46), од кои М.Л. и Е. П. ја купиле марихуаната.

При претресот се пронајдени 20 стебла канабис, поголем број на цветни завршетоци од марихуана, остатоци од стебла канабис…“ – стои во соопштението од МВР

Пронајдено е околу четири килограми марихуана, метамфетамин, како и масло канабис, како и лабараторија за производство на масло од канабис. Лицата се приведени и против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Continue Reading

Богданци

Потврдена е реконструкција на повеќе улици во Богданци со средствата одобрени за проектот за поврзување локални патишта

Александар | Media Press

Published

on

Општина Богданци за Проектот за поврзување на локални патишта доби близу 600 илјади Евра, средства  од владата на РСМ преку заемот на Светска Банка. Во рамки на овој проект општина Богданци ќе спроведе активности за реконструкција и санација на седум локални улици во Богданци.

Проектните активности ќе бидат спроведени во два тендера и тоа:

Во првиот тендер ќе се реализираат проектни активности за реконструкција на шест улици:

  • Реконстракција на локалната улица „Мирче Џочков“ во должина од 160,00 м;
  • Реконстракција на локалната улица „Браќа Миладинови“ во должина од 250,00 м;
  • Реконстракција на локалната улица „Мирка Гинова“ во должина од 130,00м;
  • Реконстракција на локалната улица „Кочо Рацин“ во должина од 260,00 м;
  • Реконстракција на локалната улица „Ѓуров Дол“ во должина од 270,00 м;
  • Реконстракција на локалната улица „10 Октомври“ во должина од 164,63 м;

Во вториот тендер ќе се реализираат проектни активности за реконструкција на една улица:

  • Санација на локалната улица „Крушевска“ во должина од 1.318,53 м;

Граѓаните своите коментари и забелешки може да ги достават усно, телефонски, на меил и писмено на контакт лице во Општина Богданци: Слобода Тасиќ, тел 034/218-400, 078/525-025, e-mail: opstina_bogdanci@t-home.mkopstina_bogdanci@yahoo.com  , и преку web страната на општината пријави проблем  http://www.pp.e-uslugi.mk/bo/.

Continue Reading