Општините од Југоисточниот плански регион потпишаа договор за соработка со Министерството за локална самоуправа.

На 12-та седница на Советот за развој на Југоисточниот плански регион која се одржа во Струмица беа потпишани  договори за соработка за 2019 година меѓу Министерството за локална самоуправа и општините основачи на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион.

 Договорите беа потпишани од страна на градоначалниците од регионот и министерот за локална самоуправа, Горан Милевски. На седницата  исто така се разговараше и за актуелните состојби во Општините од Југоисточниот регион.

 Градоначалникот Коста Јаневски, кој е и претседател на Советот за развој на Југоисточниот плански регион, рече дека со потпишувањето на договорите се обезбедува финансирање на оперативните функции на Центарот за развој на планскиот регион за тековната година и имплементација на проектите за регионален развој.

Министерот Милевски ги информираше градоначалниците за проширувањето на децентрализацијата со зголемени ингеренции и финансиски средства за општините, кое, ако успешно завршат започнатите процеси, ќе започне од јануари 2020 година.

Media Press

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

4 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago