Connect with us

Дојран

Приведени две лица кои се обиделе да пренесат марихуана преку граничниот премин Стар Дојран

Виолета | Media Press

Published

on

На 22.07.2019 на граничниот премин Стар Дојран приведени се лицата Е.М.  и Е.Х., двајцата од с. Долна Бањица, Гостивар поради обид да пренесат марихуана преку граничниот премин.  Е.М. управувајќи товарно моторно возило „Ман“ со скопски регистерски таблички и Е.Х., како сопатник во возилото имале намера да излезат од Република Северна Македонија  на граничниот премин Стар Дојран, но при извршената контрола во возилото пронајдени се 20 кеси со марихуана.  Лицата се приведени во полициска станица и против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.

Дојран

Деновиве започна реализацијата на проектот „Дојран туристички бисер на југоисточна Македонија”

Виолета | Media Press

Published

on

Извршен увид во градежните активности на проектот ,Дојран туристички бисер на југоисточна Македонија”, од страна на проектната единица на LRCP и надзорот на проектот Еуро Консалтинг, кој започна да се реализира деновиве.

Проектот е финансиран од ЕУ и Влада на РСМ, се спроведува преку програмата за инфраструктурни грантови – ПЛРК ( проект за локална и регионална конкурентност) во вкупен износ од 45.211.704 денари.

Истиот предвидува Партерно и хортикултурно уредување на Зелена рекреативна зона- Градски парк Дојран, санација на оштетени делови на Отворена летна сцена, асфалтирање на улица до истата и партерно и хортикулурно уредување . Вкупната површина која треба партерно-хортикултурно да се уреди изнесува 36.000 м2, со дополнителни содржини кои опфаќаат изградба на летниковци, детски игралишта, игралишта за домашни миленици, и простор за рекреативни друштвени игри.

„Општина Дојран беше прво рангирана Општина, со освоени најголем број поени и најголем износ на парични средства од програмата на LRCP“, вели градоначалникот на Општина Дојран Анго Ангов.

Continue Reading

Дојран

Дојран ќе добие мониторинг центар за истражување и заштита на езерото

Александар | Media Press

Published

on

Во текот на идниот месец, општина Дојран треба ќе добие три обновени објекти кои ќе служат за истражување на квалитетот на водата на езерото, неговата заштита и зачувување на биодиверзитетот. Трите објекти се наоѓаат непосредно до општинската зграда и се наоѓаа во прилично лоша состојба.

Еден објект ќе биде инфо центар, вториот објект ќе биде мониторинг центарот на водите во езерото и заштитените подрачја и третиот објект ќе се намени за соби за престој. Големината на сите три објекти е од 60 до 80 метри квадратни

Заштита на Дојранското езеро е еден од приоритетите на локалната власт и оваа година планираат реализација и на други проекти со кои ќе се зголеми туристичката понуда во Дојран. За одржувањето на објектите ќе се грижи општината.

Реализацијата на овој проект ,,Подобрување на управувањето”, финансиска помош е обезбедена од УНДП и Министерството за животна средина и просторно планирање.

Continue Reading

Дојран

Жителите на Дојран се изјаснија дека не се за, јавно приватно партнерство на Комуналното претпријатие

Виолета | Media Press

Published

on

Жителите на Дојран на локален референдум кој се одржа вчера одлучуваа дали дел од комуналните услуги во општината треба да бидат дадени на јавно  приватно партнерство или пак  не.

Имавме успешен и мирен референдумски ден, благодарност до сите кои излегоа и го дадоа својот глас објави градоначалникот Анго Ангов на својот фр профил.
Според објавените неофицијални резултати референумот беше  успешен со 53,34% излезност.
од вкупните гласачи ЗА гласале  – 402 гласачи,
против биле  965 и  37 неважечки гласа.

ЈПП НЕМА ДА ИМА. Продолжуваме понатаму во изнаоѓање на други решенија, ова беше само еден пример како треба да функционира едно демократско општество и како се носат битни одлуки во согласност со народот, напиша Ангов.

 Референдумското прашање гласаше  ,,Дали сте за или против  доделување на договор за јавно приватно партнерство  за услугите, снабдување со вода за пиење, одведување на урбани отпадни води и третман на урбаните отпадни води во општина Дојран.,, Право на изјаснување имаа  2662 граѓани запишани во единствениот избирачки список. Од општинската изборна комисија информираа дека гласањето поминло без никакви проблеми или пак нејаснотии.

Своето право на глас жителите од општина Дојран го остварувија на осум избирачки места.

Continue Reading