Connect with us

Видео

Општина Радовиш и Општина Тетевен од Бугарија реализираа заеднички проект

Avatar

Published

on

Со тридневна активност Општина Радовиш и општина Тетевен од Република Бугарија го  реалзираа заедничкиот проект „Заедно создаваме подобра иднина” од програмата „Европа за граѓаните”. Во активностите беа  вклучени вкупно околу  370 луѓе, претставници од двете општини во сферите на: младинските организации, образованието, културата и бизнис заедницата.

За таа цел делегација од  околу 140 претставници  од Општина Радовиш од неколку  здруженија и фолклорни друштва, претставници од локалната самоуправа заедно со градоначалникот Герасим Конзулов, и претставници од бизнис секторот имаа тридневни активности во селото Рибарица,  кое  е на десетина километри од Општина Тетевен, збратимена општина со Радовиш.

Задолжени за спроведување на проектот од општина Радовиш беа Игор Чапов – советник за култура и спорт и Борче Панов – советник за образование и работниот тим од општина Тетевен.

Фолклористите од општина Радовиш  се вклучија во традиционалниот празник на народните обичаи и изворната народна носија од општина Тетевен, којшто се реализира во селото Рибарица, каде што сите гости на фестивалот  имат можност да присуствуваат на Вечерта на македонскиот фолклор но и да вкусат  чорба од риба, приготвена на оригинален Тетевенски начин.  Свои настапи имаа Распеани Радовишани, Радовишнаки Етно, фолклорниот Ансамбал Китка од Ораовица и студиото за модерен балет Газели од Радовиш.

Градоначалникот Герасим Конзулов изрази благодарност до сите претставници кои ја претставија Македонија и Општина Радовиш во најдобро светло а се заблагодари и на домаќините и организатори на настанот, на Градоначалничката на Општина Тетевен Мадлена Бојаџиева, за убавиот пречек.

Инаку проектот е со вкупна вредност од околу 21 илјада евра и сите активности поврзани со него  се одржаа на територијата на општина Тетевен во периодот од 18 до 21 јули, годинава.

Видео

„Ќе брмчи Иџе“ промотивна трка низ скопските улици во чест на медицинарите и полицијата

Александар | Media Press

Published

on

„Медицинарите и полицијата се нашите херои“ оваа порака вчера ја пренесе најдобриот македонски автомобилист Igor Idze Stefanovski. Преку промотивната трка насловена ,,ќе брмчи Иџе“ тој дава поддршка на медицинските лица, полицијата, армијата кои се на првата борбена линија во овој тежок период предизвикан од  пандемијата на коронавирусот. .

Иџе во време на полицискиот час едноставно го размрда Скопје, ги извади околните жители на балконите да се пофали со неговото ново возило со кое ќе се натпреварува следната автомобилистичка сезона.

Continue Reading

Видео

Видео кое предизвика големо внимание

Александар | Media Press

Published

on

На социјалните мрежи се појави видео како се подготвува со заштитна опрема медицинскиот персонал во болниците во Италија, кои се грижат за пациантите заразани со корона вирус.

Под видеото стои:
❤️ 🇮🇹 ИТАЛИЈАНСКИ ХЕРОИ 🇮🇹 ❤️


ЛИНК ДО ВИДЕОТО

Continue Reading

Видео

Заев обелодени, зошто граѓаните во државава не можат да дојдат до лекови на рецепт

Avatar

Published

on

Претседателотна Владата Зоран Заев, на седницата за пратенички прашања обелодени причини откриени низ анализа, зошто граѓаните во државава не можат да дојдат до лекови на рецепт во текот на целиот месец, туку само на почетокот на месецот.

Тој рече дека нешто повеќе од година се работи на ова прашање, дека контроли покажале злоупотреби, дека се прави комплетно информатички систем на контрола и најави целосно решение на проблемот на есен.

Continue Reading