Општина Струмица ќе реализира два нови проекта од Програмата за прекугранична соработка.

Со проектот Струмица – Ќустендил ќе се подобри туристичката инфраструктура во околината на манастирот „Свети Леонтиј“ во село Водоча општина Струмица.  Со уредување на пристапни патеки од реден камен, чистење и хортикултурно уредување на просторот, заштитни зидови и огради на река Водочница, одмаралиште со најсовремена урбана опрема за посетителите и други активности.

За таа цела  градоначалникот на Општина Струмица Коста Јаневски, во Министерството за регионален развој и јавни работи на Република Бугарија, потпиша договори за два нови проекта од Програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Бугарија и Република Македонија.
Со проектот Петрич – Струмица, ќе се подобри институционалната подготвеност на Терторијалната противпожарна единица при Општина Струмица за заштита и спречување на природни непогоди и катастрофи, преку набавка на современо повеќенаменско возило за реакција при пожари и поплави.
Струмица е единствената македонска општина која доби два проекта од оваа програма во вкупна вредност од околу 450.000 евра, информираат од општина Струмица.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

4 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago