Возилата,
вооружувањето и опремата кои се користат во најголемата воена вежба во државата
,,Одлучен удар,, презентирани пред граѓаните на Струмица. Градскиот парк беше
локацијата на која заинтересираните граѓани имаа можност одблиску да се
запознаат со опремата, постапките и
процедурите кои ги извршуваат припадниците на армиите учеснички на оваа досега
најголема воена вежба кај нас.
Целта на овие отворени денови кои освен во Струмица беа реализирани во уште неколку други градови од државата е остварување на директен и непосреден контакт со што поголем број граѓани и нивно запознавање не само со вежбата туку и со опремата и вооружувањето како на македонската армија така и на стратешкиот партнер. Отворениот ден во Струмица побуди голем интерес кај граѓаните, а најзаинтересирани за опремата вооружувањето и воените возила беа најмладите.
„Одлучен удар“ е досега најголема вежба која ја организира нашата армија во која учествуваат околу 2.700 војници од армии на уште пет сојузници – САД, Литванија, Албанија, Бугарија и Црна Гора. Нашата армија и војската на САД учествуваат со по 1.300 војници, додека Црна Гора со 75, Литванија 10, Бугарија 25 и Албанија со 25 војници.
Вежбата која започна на 5 јуни на армискиот полигон
Криволак и ќе трае до 9 ти јули има за цел зајакнување на
стандардните оперативни процедури на единиците од составот на армијата,
подобрување на интероперабилноста и унапредување на заемното разбирање и
доверба и зајакнување на меѓусебната соработка