Радовиш

Три лица лишени од слобода, управувале возило без возачка дозвола на патот с.Подареш – с.Смиланци, радовишко

На 22 ноември во недела, во 08:15 часот на регионален пат с.Подареш – с.Смиланци, радовишко, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш го лишија од слобода Б.Ј.(42) од село Злеово, радовишко. При контрола на сообраќајот било запрено патничко возило „рено“ со радовишки регистарски ознаки, кое го управувал Б.Ј.. Од преземените мерки е утврдено дека тој возилото го управува без да поседува возачка дозвола и нерегистрирано.

Истиот ден во 09:00 часот на регионален пат с. Подареш – с.Смиланци, радовишко, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш го лишија од слобода О.А.(18) од село Калаузлија, радовишко. При контрола на сообраќајот било запрено патничко возило „голф“ со радовишки регистарски ознаки, кое го управувал О.А.. Од преземените мерки е утврдено дека тој возилото го управува без да поседува возачка дозвола и нерегистрирано.

Истиот ден на 22 ноември во 08:20 часот на регионален пат с. Подареш – с.Смиланци, радовишко, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш го лишија од слобода Ј.К.(56) од село Ораовица, радовишко. При контрола на сообраќајот било запрено патничко возило „голф“ со штипски регистарски ознаки, кое го управувал Ј.К.. Од преземените мерки е утврдено дека тој возилото го управува без да поседува возачка дозвола и нерегистрирано.

И во трите случаи известен е јавен обвинител, а по документирање на случајот против лицата ќе биде поднесена кривична пријава.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Градежни активности на експресниот пат Штип-Радовиш

Од денес, 24.11.2026 (Вторник) на експресниот пат Штип-Радовиш, во близина на Клучка Бучим ќе се…

8 часа ago

Во декември нов повик од ИПАРД III за земјоделските стопанства, преработувачите и руралните бизниси

Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој вчера, 23 ноември, ја објави претходната…

10 часа ago

Дали денес повеќе се потпираме на вештачката интелегенција или на сопствениот разумот

Во секојдневниот живот младите се почлесто ја користат вештачката интелегенција за да добијат информации, да…

12 часа ago

Општина Конче објавува Јавен повик за доставување на Годишни програми за доделување на финансиски средства на здруженија на граѓани

Општина Конче ги повикува сите здруженија на граѓани кои дејствуваат на територијата на Општината да…

13 часа ago

Дали темелите на успехот се поставуваат уште во средношколските денови? Интервју со Гоце Дединец, претседател на Совет на О. Радовиш

„Дали желбата за успех се раѓа уште во средношколските денови и колку треба да вложувате…

13 часа ago

Една идеја може да направи голема промена

Што ако храната со поминат рок повеќе не беше проблем? Со Fresh & Fair создаваме…

14 часа ago