Свет

Шведска се враќа на стариот систем на учење. Наместо таблети и компјутери, учениците повторно учат од книги и пишуваат со рака

Шведска привлече големо внимание во светската јавност со одлуката да направи чекор назад од целосната дигитализација и да ги врати традиционалните книги, читањето и пишувањето со рака во училниците.

Оваа промена уследи откако експертите и педијатрите предупредија дека прекумерното користење на екраните (таблети и компјутери) довело до пад на основните вештини кај учениците.

Шведскиот престижен институт Каролинска објави дека дигиталните алатки го влошуваат, а не го подобруваат учењето кај децата. Тие нагласија дека фокусот треба да се врати на печатени книги и ракописно пишување.

Експертите заклучија дека дигиталните уреди лесно им го одвлекуваат вниманието на децата и ја намалуваат способноста за длабоко размислување и помнење.

новата стратегија предвидува масовно купување книги: Шведската влада инвестираше милиони евра за да обезбеди секој ученик да има по една книга за секој предмет.

 Наместо пишување на тастатура, децата повторно вежбаат ракопис,  Враќање на пенкалото и хартијата што е клучно за развој на моториката и меморијата.

За децата под 6-годишна возраст во градинките, владата донесе одлука целосно да се прекине со задолжителната употреба на дигитални уреди.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

4 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago