ДПМНЕ за
поразот во Брвеница како виновник ја посочува и #Левица,
додека на целата јавност и е јасен начинот на функционирање на нивниот
коалиционен партнер ВРЕДИ… освен на ДПМНЕ, очигледно, реагираат од
Левица во врска со изборните резултати во Брвеница.
„Случајот
со Брвеница отвора прашање што оди многу подалеку од еден изгубен изборен
натпревар – Каков политички ИНСТИНКТ и каква способност за стратешко расудување
демонстрира раководство кое дури по изборите го проблематизира однесувањето на
сопствениот коалициски партнер?
Политичкиот
сенс се препознава во способноста да се читаат интересите, да се предвидуваат
потезите и навреме да се согледуваат ризиците. Токму затоа изјавите на ДПМНЕ за
ВРЕДИ заслужуваат особено внимание. Ако една владејачка партија тврди дека не
успеала да ја предвиди политичката пресметка на партнерот со кој секојдневно
седи на иста маса, сосема оправдано се отвора прашањето врз какви проценки ги
темели своите многу посложени државни и меѓународни одлуки. Во политиката,
стратешкото предвидување се докажува пред настаните, а не со објаснувања откако
ќе станат очигледни.
Партија на
која дури сега ѝ станало јасно политичкото дејствување на ВРЕДИ и која е до тој
степен затечена што сопствениот коалициски партнер го нарекува “тројански коњ“,
сама отвора сериозни сомнежи во сопствениот ПОЛИТИЧКИ СЕНС“, стои во реакцијата
од Левица, и притоа потсетуваат на локалните избори во Струга, Тетотво и
Гостивар.
“На
редовните локални избори во Струга, Тетово и Гостивар, каде што Левица понуди
сопствени кандидати како алтернатива на ДУИ и ВРЕДИ, ДПМНЕ не само што одби да
застане зад нив, туку, организирано, активно и фронтално водеше црна кампања со
секојдневни прес-конференции и теренска агитација ПРОТИВ Левица и нашите
кандидати. Сето тоа во политичка корист на кандидатите на ВРЕДИ – истите оние
коалициски партнери чие однесување во Брвеница денес го доживуваат како
предавство“, велат од Левица.