Македонија

МФ: Усвоени измените на Законот за јавните набавки – поголема транспарентност и поефикасно трошење на јавните средства

27 октомври 2026 година, Скопје

– Собранието на на 122. седница, ги усвои измените и дополнувањата на Законот за јавните набавки, со кои се предвидуваат решенија за модернизација на системот на јавни набавки, зголемување на транспарентноста и конкуренцијата, како и поефикасно и поодговорно користење на јавните средства.


Измените произлегуваат од досегашните искуства во примената на Законот, потребата од негово усогласување со актуелните економски услови и реформските приоритети утврдени во Реформската агенда и Планот за раст на Европската Унија за Западен Балкан.
Еден од клучните сегменти е унапредувањето на Електронскиот пазар на набавки од мала вредност, со цел зголемување на неговата употреба и поттикнување поголема конкуренција меѓу економските оператори. Истовремено, се воведува задолжителна примена на критериумот „најдобар сооднос помеѓу цена и квалитет“, со што при изборот на најповолната понуда, покрај цената, ќе се земаат предвид и квалитетот и долгорочната оправданост.


Со законските измени се зајакнува и дигитализацијата на јавните набавки преку проширување на надлежностите на Бирото за јавни набавки за користење современи дигитални алатки и решенија базирани на вештачка интелигенција. Целта е поефикасно следење на постапките, навремено препознавање ризици и спречување можни злоупотреби. Дополнително, се создава правна основа за воспоставување веб-сервиси и автоматска размена на податоци со други институции и релевантни субјекти.


Во насока на зголемување на транспарентноста, се воведува обврска за објавување известување за доброволна претходна транспарентност кај постапките со преговарање без објавување оглас во законски утврдените случаи. Со ова се овозможува поголем увид на јавноста и економските оператори, а истовремено се поедноставуваат одредени административни процедури.


Измените опфаќаат и професионализација на кадарот преку воведување систем на континуирано професионално усовршување на службениците за јавни набавки, наместо периодична ресертификација преку повторно полагање испит. Исто така, се врши усогласување на вредносните прагови за примена на Законот со економските услови и растот на трошоците, како и ревидирање на надоместоците за жалбена постапка, со задржување на принципот на достапна и ефикасна правна заштита, соопштуваат од Министерството за финансии.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

4 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago