Радовиш

Конкурс за стипендирање на ученици во основните училишта во општина Радовиш и СОУ „Коста Сусинов“- Радовиш, за учебната 2026/2027 година

Врз основа на Законот за локална самоуправа и Одлуката за доделување на стипендии на ученици во основното и во средното образование од општината Радовиш,  Градоначалникот на општина Радовиш, распишува

К О Н К У Р С

за стипендирање на ученици во основните училишта во општина Радовиш

и СОУ „Коста Сусинов“- Радовиш, за учебната 2026/2027 година

За учебната 2026/2027 година, општина Радовиш ќе додели:

  1. ЗА ТАЛЕНТИРАНИ УЧЕНИЦИ ИСКЛУЧИВО ПО ОСНОВ НА ПОСТИГНАТ УСПЕХ – БЕЗ СОЦИЈАЛНИ КРИТЕРИУМИ
  • 16 (шеснаесет) стипендии на талентирани ученици од VI до IX одделение – по 4 стипендии пооделно.

Согласно измените на Правилникот, стипендиите нема да се доделуваат по училишта, туку ќе се доделуваат вкупно по 4 стипендии за секое одделение ( по 4 за VI, VII, VIII и IX одделение) по принципот на најдобро рангирани ученици (со најмногу бодови), без разлика од кое основно училиште се учениците.

Стипендијата е во висина од 2.500 денари месечно , а се исплаќа 9 (девет) месеци во годината.

  • 13 (тринаесет) стипендии на талентирани ученици од I-IV година во средно образование од кои: 10 (десет) стипендии во прва година и тоа по 2 стипендии за ученици од сите 5 општински основни училишта, коишто ќе донесат потврда дека се запишале во прва година во СОУ Коста Сусинов – Радовиш, и по една за II, III и IV  година.

Стипендијата е во висина од 3.000 денари месечно , а се исплаќа 9 (девет) месеци во годината.

Потребни документи за учество на конкурсот:

  1. Барање од учениците до општина Радовиш ;
  2. Свидетелства за континуиран одличен успех и примерно поведение ;
  3. Потврда за запишана учебна година (во основно или средно) ;
  4. Диплома за освоени награди на општински, регионални, државни и меѓународни натпревари организирани единствено преку образовниот систем ;
  5. Препорака од менторот ;
  6. Препорака од наставничкиот совет ;
  7. Есеј на тема „Како би и помогнал на локалната заедница како иден експерт“ ;
  8. Фото копија од лична карта, или пасош и
  9. Трансакциска сметка на име на ученикот што конкурира за стипендија и истата да биде пријавена во УЈП;

Напомена:

Во случај на ист број бодови на повеќе кандидати, Комисијата за доделување на ученички стипендии со цел да се додели стипендија на учениците во послаба социјална положба,

дополнително ќе побара:

Уверенија за родителите од УЈП – за остварени доходи во 2025 год и Семејно уверение ;

Стипендијата ќе биде доделена на кандидатот кој има помали годишни приходи по член на

семејство.

  • ЗА ТАЛЕНТИРАНИ УЧЕНИЦИ ПО ОСНОВ НА ПОСТИГНАТ УСПЕХ И ПО ОСНОВ НА СОЦИЈАЛНИ КРИТЕРИУМИ

Општина Радовиш доделува вкупно 10 (десет) стипендии на ученици во основните училишта и ученици во средното образование од општина Радовиш чиишто семејства се социјално загрозени.

Стипендиите се доделуват на првите десет рангирани кандидати кои конкурирале по овој основ, без разлика дали учениците се од основно или од средно образование.

Право за конкурирање имаат сите ученици од VI, VII, VIII и IX одделение основно образование и учениците од I, II, III и IV година средно образование

Стипендијата е во висина од 3.000 денари месечно , а се исплаќа 9 (девет) месеци во годината.

Потребни документи за учество на конкурсот:

  1. Барање до општина Радовиш ;
  2. Свидетелства за континуиран одличен успех и примерно поведение ;
  3. Потврда за запишана учебна година (во основно или средно) ;
  4. Дипломи за освоени награди на општински, регионални, државни и меѓународни натпревари, организирани единствено преку образованиот систем ;
  5. Препорака од ментор ;
  6. Препорака од наставнички совет ;
  7. Есеј на тема „Како би и помогнал на локалната заедница како иден експерт“ ;
  8. Фото копија од лична карта или пасош ;
  9. Трансакциска сметка на име на ученикот што конкурира за стипендија и истата да биде пријавена во УЈП;
  10. Семејно уверение ;
  11. Уверенија за родителите од УЈП – за остварени доходи во 2025 год.
  12. Потврди за родителите – за остварен личен доход во последните 3 месеци од фирмата каде се вработени или Потврда за невработени од Агенцијата за вработување.

Услови за доделување на стипендии

Право на стипендија имаат кандидатите кои учат во училиштата во општина Радовиш, Република Македонија, а  ги исполнуваат следните услови :

– Да се жители на општина Радовиш и државјани на Република Македонија

– Да се редовни ученици од основното и од средно образование со континуиран скроз одличен успех и кои освоиле I, II и III награда на општински, регионален и државни натпревари од областа на науката, техниката, културата и спортот, ОРГАНИЗИРАНИ И СПРОВЕДЕНИ ЕДИНСТВЕНО ПРЕКУ ОБРАЗОВНИОТ СИСТЕМ.

Напомени:

Кандидатите се должни во Барањето јасно да означат (да заокружат) по кој основ конкурираат, односно дали конкурираат по основ на :

-Талентирани ученици исклучиво по основ на постигнат успех – без социјални критериуми или

-Талентирани ученици по основ на постигнат успех и по основа на социјални критериуми

Ученици без свидетелства со континуиран скроз одличен успех нема да бидат земени во предвид.

Дипломи добиени од разни други асоцијации, манифестации и здруженија на граѓани нема да бидат бодирани.

Место и рок за поднесување на документите

Барањата со потребните документи се доставуваат во Архивата на општина Радовиш во затворен плик со назнака: „За конкурс за стипендирање на ученици“

Рокот за поднесување на документите е 10 (десет) дена започнувајки од 21.10.2026 год. (Среда) заклучно со 30.10.2026 година (Петок).

Некомплетни и ненавремено доставени документи нема да се разгледуваат.

Барањата можат да се набават во самите училишта, на WEB страната или директно во општина Радовиш.

Резултатите ќе бидат објавени на огласната табла во општина Радовиш и на ВЕБ страната на општина Радовиш во рок од 30 дена од завршувањето на конкурсот.

По објавувањето на резултатите, незадоволните кандидати во рок од 5 (пет) дена, можат да поднесат приговор до Градоначалникот на општина Радовиш.

Комисијата е должна во рок од 5 (пет) дена да одговори на доставениот Приговор.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

2 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

4 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago