Радовиш

Преку проектот „На градот мој“, Радовиш ќе добие сувенирница и информативно катче за промоција на локалните убавини

Преку проектот „На градот мој“, Радовиш ќе добие сувенирница и информативно катче за промоција на локалните убавини, културното наследство и туристичките потенцијали на градот

Во рамките на проектот „Зајакнување на општинските совети“, се одржа четвртата форумска сесија, на која присутните граѓани преку гласање избраа еден од трите предложени проекти, разгледувани во текот на претходните форумски сесии.

Посебен акцент беше ставен на презентацијата на трите предлог-проекти: „Инклузивно катче – за сите деца“, „На градот мој“ и „Зелено катче: Еко-инклузивен урбан простор за рекреација и активизам“.

По презентациите, учесниците се запознаа со критериумите за избор на проектите, по што следуваше гласање за предложените иницијативи. Со најголема поддршка од присутните граѓани беше избран проектот „На градот мој“, преку кој Радовиш ќе добие сувенирница и информативно катче за промоција на локалните убавини, културното наследство и туристичките потенцијали на градот.

Во завршниот дел од сесијата беа разгледани препораките од Форумот до Општина Радовиш, а беше формирана и работна група за следење на спроведувањето на избраните активности.

Форумската сесија претставува значаен чекор кон поттикнување на граѓанското учество, транспарентноста и заедничкото донесување одлуки за подобрување на условите за живот во Општина Радовиш.

Проектот „Зајакнување на општинските совети“ се реализира со поддршка на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), во партнерство со Програмата за развој на Обединетите нации (UNDP).

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

4 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago