Повик за ангажирање на 20 невработени лица со ниски квалификации
Општина Струмица ги повикува сите евидентираните невработени лица со ниски квалификации, а кои се активни баратели на работа во евиденцијата на АВРСМ и се заинтересирани да се вклучат во Програмата Јавни работи за работно ангажирање на работно место како општ работник во времетраење од 30 дена по 4 часа дневно, да се обратат и пријават во Агенција за вработување – Центар за вработување Струмица.
Овој повик е во согласност со одобрениот проект за ангажирање на 20 невработени лица со ниски квалификации, а согласно Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2026 година усвоен од Владата на Република Македонија, за 5.1. Програмата за работно ангажирање – Јавни работи, финансирана од Буџетот на Агенцијата за вработување на Македонија. Заинтресираните невработени лица пријавите за учество можат да ги поднесат во Агенцијата за вработување – Центар за вработување Струмица во периодот од 14.10.2026 година до 22.10. 2026 година, од 08:00 до 14:00 часот.
Детални информации за Програмата „Јавни работи“ можат да се добијат во Општина Струмица, Одделение за ЛЕР (зграда ДОМ на АРМ) кај лицето Софче Јанева – општински координатор за Програмата „Јавни работи“ и во Агенција за вработување – Центар за вработување Струмица кај лицето Александра Петкоска.