Македонија

Николоски: Владата работи на развој на Коридорите како стратешка предност за економска и политичка стабилност

Владата работи на развој на коридорите затоа што дава огромна политичка стабилност и носи голем економски бенефит. Во моментов работиме на 5 автопати, за многу брз време започнуваме со изградба и на шестиот автопат, истакна заменик претседателот на Владата, Александар Николоски во интервју за “Радио Лидер”, каде зборуваше за инвестициите во инфраструктураta. 

Тој објаснуваше дека со силна динамика се работи на автопатите Тетово-Гостивар и Гостивар -Букојчани, како и Прилеп – Битола. За автопатат Охрид – Кичево најави пуштање во употреба на нови километри за сообраќај.

“ Откако ние сме избрани, прво го пуштивме потегот од Страцин до Крива Паланка, експресен пат, 30 километри. После ги пуштивме делницата од Градско до Дреново и од Дреново до Фариш, вкупно 26 километри. Тоа се 56 километри коишто се целосно ставени во функција. Пуштивме 34 километри автопат на делницата Охрид – Кичево. За брзо време ќе пуштиме уште 10, значи тоа се вкупно 44 функционални километри автопат. Очекувам во рамки на зададениот рок сите 57 километри да бидат ставени во функција.  Исто така очекувам следна година најмалку 12 километри на потегот Битола – Прилеп да бидат ставени во функција, целосен автопат.

Исто така пуштивме 34 километри нова пруга на потегот од Куманово до Бељаковце и реконструиравме преку 25 километри пруга на потегот Зелениково – Драчево- Нова железничка станица за градски воз” – истакна Николоски.

Најави дека се работи на проектирање за изградба на нови експресни патишта. 

“Во моментов работиме проектирање на делница којашто треба да оди од Кочани преку Виница- Делчево- граница со Бугарија и при крај е тендерската постапка за избор на куќа за проектирање на делницата што треба да оди од Радовиш преку Струмица, Ново Село, граница со Бугарија.  Имајќи предвид дека експресниот пат од Страцин до Крива Паланка веќе го ставивме во функција, ја направивме и обиколницата на Крива Паланка, сега работиме на проширување на граничниот премин, тоа значи дека трите патишта коишто нè поврзуваат со Бугарија ќе бидат на ниво на автопат или на експресен пат” – истакна во интервјуто вицепремиерот Николоски.  

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

4 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago