Македонија

Скупи Камерфест 2026 – пет концерти камерна музика, 10 октомври – 5 ноември, Скопје

Во периодот од 10 октомври до 5 ноември 2026 година, љубителите на класичната музика ќе имаат можност да проследат пет врвни концерти со учество на истакнати уметници од Австрија, Шпанија, Франција, Италија, Јапонија, Косово и Северна Македонија.

Сите концерти ќе се одржуваат во Музејот на македонската борба за самостојност во Скопје, со почеток во 19:30 часот. Влезот за сите настани е слободен.

ПРОГРАМА НА ФЕСТИВАЛОТ

  • 10 октомври – „Виенска каприча“
    • Изведувачи: Гернот Винишхофер – виолина (Австрија) и Денис Јаворски – пијано (Австрија)
    • Репертоар: Дела од В. А. Моцарт, А. Землински, Ф. Крајслер
  • 12 октомври – „Шпанската труба“
    • Изведувач: Виценто Кампос – труба (Шпанија)
    • Гости: Стефан Илиев – труба (Северна Македонија) и Авни Красники – труба (Косово)
    • Репертоар: Дела од А. Вивалди, Х. Прадас, Ј. Хајдн, Х. Родриго
  • 16 октомври – „Со живост“
    • Изведувачи: Вадим Чицик – виолина (Франција) и Нита Груби – пијано (Северна Македонија)
    • Репертоар: Дела од Ф. Менделсон, А. Дворжак
  • 23 октомври – „Два гласа, четири раце“
    • Изведувачи: Сугико Чинен – пијано (Италија/Јапонија) и Лука Арналдо Мариа Коломбо – пијано (Италија)
    • Репертоар: Дела од Е. Григ, Ф. Шуберт, Ѓ. Росини, Ѓ. Пучини
  • 5 ноември – „Песна без зборови“
    • Изведувачи: Аматис Трио (Австрија) – Леа Хаусман (виолина), Самуел Шеферд (виолончело) и Менџи Хан (пијано)
    • Репертоар: Дела од Ф. Шуберт, Ф. Менделсон

Уметнички директор на фестивалот е Блерим Груби. Скупи Камерфест е престижен член на Европската асоцијација на фестивали (EFA).

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

4 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago