Македонија

БУДЕЊЕ НА МАКЕДОНСКИОТ ЗЕМЈОДЕЛЕЦ ДОСТА Е ПРЕЖИВУВАЊЕ, ВРЕМЕ Е ЗА БОРБА! 30 септември, во 11:00 часот Тополчани – Пелагонија

Национална земјоделска мрежа повикува на ПРОТЕСТ на 30 септември 2026 година во 11:00 часот Тополчани – Пелагонија

​„Почитувани колеги, земјоделци од сите краеви на Македонија. Секојдневно ја делиме истата горчлива судбина. Додека со мачна работа, пот и неограничено одрекување ја обработуваме земјата и создаваме храна, нашиот труд секојдневно се обезвреднува.

Катастрофалните состојби во сите сектори на македонскиот аграр достигнаа критична точка од која нема враќање назад.

​Денес, секој од нас се соочува со сурова вистина доведени сме на раб на егзистенцијата, а нашите семејства се доведувани до елементарен опстанок.

Нема повеќе оправдувања, нема повеќе чекање!

​Доста беа празни ветувања, лажни субвенции, увозни лобија кои го уништуваат домашниот производ и откупни цени кои едвај ги покриваат основните трошоци. Секој молк, секој изговор и секое останување дома во деновите кога се одлучува за нашата судбина, значи директно поддржување на пропаста на македонското земјоделство.

​Колеги, земјата е наша, трудот е наш, а одговорноста за иднината на нашите деца е во наши раце. Немаме право на оправдувања!

30 септември 2026 година во 11:00 часот Тополчани – Пелагонија

​Целта на протестот е да испратиме силна, недвосмислена порака до Владата и институциите дека состојбата повеќе не се толерира

Бараме ​итен и безусловен прием во Владата каде јасно и директно ќе ги изнесеме сите наши проблеми, барања и решенија.

​Крај на катастрофалните политики во аграрот и итна заштита на домашниот земјоделски производител.

​Националната земјоделска мрежа излегува со свои претставници и членови од сите региони и сектори.

Но, за овој глас да се слушне до највисоките институции, потребен е секој еден од нас!

​Излези од нивата, остави ја алатката за еден ден и придружи се! Ако не го кренеме гласот сега, утре нема да постоиме како земјоделци. Сложно, масовно и без колебање – за спас на македонскиот аграр“ стои во објавениот повик од НЗМ.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

4 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago