Македонија

Стевчо Јакимовски излегува од затвор, Врховен суд ја укина пресудата

Врховниот суд ги укина пресудите на Основниот кривичен суд и на Апелациониот суд Скопје, во предметот против Стевчо Јакимовски. Тоа значи дека овој предмет се враќа во Основниот кривичен суд Скопје, кој ќе треба одново да постапува и да одлучува.

„Советот за казниви дела при Врховниот суд на Република Северна Македонија, на седницата одржана на ден 09.09.2026 година, донесе пресуда КВП КОК2-18/26, со која го уважи барањето на осудениот Стевчо Јакимовски од Скопје, за вонредно преиспитување на правосилната пресуда, поднесено преку бранителот Виктор Цветковски, адвокат од Куманово, ги укина пресудата на Основен кривичен суд Скопје КОК-157/21 од 23.04.2025 година и пресудата на Апелационен суд Скопје КОКЖ-110/25 од 15.05.2026 година и предметот го врати на првостепениот суд на повторно постапување и одлучување“, се вели во соопштението на Врховниот суд.

Јакимовски во април 2025 година првостепено беше осуден на единствена казна од 3 години и 6 месеци затвор за две кривични дела, Бесправно градење и Злоупотреба на службената положба и овластување, во предмет поврзан со изградбата на општинската зграда во Карпош. За бесправното градење му беше утврдена казна од една година, а за злоупотребата на службената положба 3 години затвор.

Апелациониот суд во мај годинава делумно интервенираше во првостепената одлука. Беше потврдена едногодишната затворска казна за бесправно градење, а во делот за злоупотреба на службената положба предметот беше вратен на повторно судење.

По правосилноста на делот од пресудата за бесправното градење, Јакимовски доби упатен акт и се јави на издржување на казната во затворот „Скопје“.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

4 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago