Македонија

Владата посветено и партнерски работи со инвеститорите, истакна заменик претседателот на Владата, Александар Николоски

Комбинацијата на одржлив транспорт и зелена транзиција е нешто што Македонија ја прави лидер во регионот, истакна заменик претседателот на Владата, Александар Николоски во обраќањето на реализација на проектот за изградба на ветерниот парк на компанијата

Алказар во Штип. 


 Тој истакна дека оваа инвестиција е доказ за визијата за енергетска стабилност но и дека Владата посветено и партнерски работи со инвеститорите. 
​” Вчера прославивме триесет и пет години на независност на Македонија. Утрото го отворивме реконструираниот Охридски аеродром, вечерта сите се забавувавме на убавата електронска музика на Дејвид Гета, денеска почнуваме ветрен парк — мислам дека подобар доказ дека државата има модерна иднина, иднина којашто е во чекор со 21-виот век.

Комбинацијата на одржлив транспорт, на зелена транзиција е нешто што Македонија ја прави лидер во регионот.​Ќе продолжиме да го поддржуване проектот, вложивме многу во изминатиот период под водство на премиерот Мицкоски, министерката за енергетика Сања Божиновска, градоначалниците се тука на Штип, на Карбинци, на Радовиш, секако тимовите на Министерството за транспорт, на Катастар, Министерство за земјоделие, Министерство за животна средина.

Самото тоа што денес сме тука, а за три години и ќе го пуштиме овој ветрен парк е најдобар доказ за вашата работа” – изјави заменик претседателот Николоски.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago