Македонија

JАВНОЗДРАВСТВЕНИ ПРЕПОРАКИ ЗА БРЕМЕНИТЕ ЖЕНИ ПРИ ТОПЛО ВРЕМЕ

 Бремените жени претставуваат една од ранливите групи на населението кај кои високите амбиентни температури можат да го зголемат ризикот од дехидратација, топлотна исцрпеност и нарушување на терморегулацијата. Поради физиолошките промени во бременоста, организмот има намалена способност за ослободување од вишокот топлина, а потребите за течности се зголемени.

Изложеноста на високи температури, особено ако е придружена со физички напор и недоволен внес на течности, може да го зголеми ризикот од здравствени компликации кај мајката и плодот.

Препораки за бремените жени

За бремените жени важат сите јавноздравствени препораки на Институтот за јавно здравје за заштита од топло време и топлотни бранови, а дополнително се препорачува:

· да избегнуваат директно изложување на сонце и престој на отворено во периодот од 11:00 до 17:00 часот;

· да внесуваат доволно течности во текот на целиот ден, без да чекаат да почувствуваат жед;

· доколку е неопходен престој на отворено, да престојуваат во сенка, да прават почести паузи, да носат лесна, светла и комотна облека, заштитни очила и капа со висок свод и со широк обод, секогаш да имаат вода за пиење, а при подолг престој надвор и мобилен телефон за навремено барање медицинска помош доколку се појават симптоми на топлотен стрес;

· да престојуваат во климатизирани или добро проветрени простории кога тоа е можно;

· да избегнуваат продолжен физички напор и активности кои можат да доведат до прегревање на организмот;

· да консумираат лесни и почести оброци и да избегнуваат тешка и висококалорична храна;

· редовно да ја земаат препишаната терапија и да не ја менуваат или прекинуваат без претходна консултација со избраниот гинеколог или лекар.

Препораки за заштита на бремените жени на работното место

Бремените жени кои работат, особено на отворено или во простории со високи температури, бараат дополнителна заштита од топлотен стрес.

Во услови на високи амбиентни температури се препорачува работодавачите да обезбедат:

· организација на работното време со намалување на изложеноста во најтоплиот дел од денот, кога тоа е можно;

· прилагодување на работните задачи со избегнување на тежок физички напор и продолжена изложеност на директно сонце;

· почести паузи во разладени или засенчени простории;

· постојан пристап до безбедна вода за пиење и можност за редовна хидратација;

· соодветна природна или механичка вентилација и разладување на работните простории;

· можност за привремено прилагодување или прераспределување на работните задачи кај бремените работнички, кога проценката на ризикот укажува на зголемена изложеност на високи температури;

· избегнување на работа на директно сонце и работа во најтоплиот дел од денот, кога природата на работата тоа го дозволува;

· информирање на вработените за препознавање на раните знаци на топлотен стрес и навремено постапување при појава на симптоми.

Кога е потребно да се побара медицинска помош?

Бремените жени треба веднаш да се јават кај својот матичен гинеколог или да побараат итна медицинска помош доколку се појават:

· изразена вртоглавица, изнемоштеност или губење на свеста;

· силна и перзистентна главоболка;

· покачена телесна температура или топла и сува кожа;

· отежнато дишење, забрзана срцева работа или конфузија;

· болки во стомакот или појава на контракции;

· значително намалени или отсутни движења на плодот.

Институтот за јавно здравје апелира бремените жени, членовите на нивните семејства, здравствените работници и работодавачите доследно да ги почитуваат препораките за заштита од топлотен стрес. Навремената примена на овие мерки придонесува за зачувување на здравјето на мајката и плодот и за намалување на ризикот од здравствени компликации за време на топлотните бранови.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

2 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

4 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago