Девет основни судови ќе престанат да постојат како самостојни институции ако биде усвоен новиот закон за судови, меѓу нив е и судот во Радовиш. Судовите во овие градови, ќе станат судски одделенија на соседните поголеми основни судови. Радовиш е предвидено да биде под Основниот суд во Струмица.
Што значи дека локалните судски услуги продолжуваат да функционираат на терен но со сменет организациски статус.
Со реформата
бројот на основни судови ќе се намали од 27 на 18.
Со овие
предложени измени, судовите во Берово, Виница, Кратово, Крушево, Ресен,
Радовиш, Свети Николе, Неготино и Дебар би престанале да постојат како судови.
Транзиција
во одделенија:
Судовите во овие девет градови нема целосно да се затворат физички, туку ќе
престанат да постојат како самостојни правни субјекти и ќе станат судски
одделенија на соседните поголеми основни судови.
Како што информираат од министерството за правда, ова
рефора се презема поради
оптимизација на судската мрежа, подобрување на ефикасноста и надминување на
проблемите со кадровскиот недостиг во правосудниот систем.
Граѓаните и
понатаму ќе можат да поднесуваат документи и да завршуваат основни судски
обврски локално во соодветните места.
Министерството
за правда го објави предлогот на 1 јули 2026 година. Со него се предлага
укинување на 9 основни судови како самостојни институции, но тоа е
условено со усвојување на законот.
Според
предложените измени, судиите ќе може да се пензионираат на 70 години, наместо
како досега на 62, односно 64 години и со нивна волја до најмногу 67 години.