Македонија

25 години од загинувањето на осум припадници на резервниот состав на Армијата кај месноста Љуботенски бачила

Денеска се навршуваат 25 години од загинувањето на осум припадници на резервниот состав на Армијата кај месноста Љуботенски бачила.

На 10 август 2001 година со воено товарно возило на патот кон месноста Љуботенски Бачила при активирање на мина животот го загубија осум припадници на резервниот состав на Армијата: Томе Бадаровски, Гоце Чанкуловски, Бранко Јанев, Томислав Настевски, Марјанчо Бошковски, Ивица Златевски, Томе Димовски и Раде Јанковски.

Денеска се одбележуваат 25 години од трагичниот настан кај Љуботенски Бачила, ден кога Македонија се сеќава на осумте македонски бранители кои ги положија своите животи за мирот и безбедноста на својата татковина.

Делегација од Владата денеска положи цвеќе во касарната Илинден.

„Денес со длабока почит се поклонуваме пред нивната жртва и пред нивните семејства, кои 25 години ја носат болката од загубата на своите најмили. Го чуваме споменот и за Ацо Ангеловски, кој во 2000 година го загуби животот во Арачиново, како припадник на полициските сили.

Жртвата на бранителите не е само дел од минатото, таа е трајно потсетување дека мирот, слободата и безбедноста имаат своја цена. Наш долг е да го негуваме споменот, да ја почитуваме нивната храброст и да ја пренесуваме нивната приказна на идните генерации“, објави премиерот Христијан Мицкоски на социјалните мрежи.

Делегација од Генералштабот на Армијата и Министерството за одбрана, предводена од началникот на ГШ, генерал-мајор Сашко Лафчиски, денеска  положи цвеќе во спомен на осумтемина припадници на резервниот состав на Армијата кои загинаа во 2001 година кај месноста Љуботенски бачила.

Како што соопшти Генералштабот на Армијата, во рамки на чествувањето делегацијата ќе положи цвеќе на повеќе спомен-обележја посветени на загинатите бранители.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

4 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago