Радовиш

ЈАВЕН ПОВИК за пријава на материјална штета настаната како последица на природна непогода, силно невреме, обилни врнежи од дожд, град, силен ветер, поплава или друга елементарна непогода

Општина Радовиш ги повикува граѓаните кои имаат претрпено материјална штета настаната како последица на природна непогода, силно невреме, обилни врнежи од дожд, град, силен ветер, поплава или друга елементарна непогода што го зафати подрачјето на Општина Радовиш на ден 21.07.2026 година (вторник), да ја пријават штетата до Општинската комисија за процена и утврдување на висината на штети од природни непогоди и други несреќи.

Барањето за пријавување на штета, пополнето со бараните податоци и документи, се доставува до

Архивата на Општина Радовиш,

ул. Булевар Александар Македонски бр. 7, Радовиш,

најдоцна до 05.08.2026 година.

Истото може да се подигне во Архивата или да се преземе од официјалната веб-страница на Општина Радовиш www.radovis.gov.mk

Во Барањето задолжително е да се опише настанатата штета и точната локација на која е настаната.

Во прилог на Барањето, подносителот задолжително доставува:

  • Копија од лична карта;
  • Копија од трансакциска сметка;
  • Доказ за сопственост или користење на недвижниот имот (имотен лист, договор за закуп или друг соодветен документ);
  • Фотографии од настанатата штета;
  • Пополнета Пријава за штета;
  • Изјава за штета;
  • Изјава дека имотот не е осигуран.

Пријавувањето на штетите може да се изврши во рок од 7 (седум) работни дена од денот на настанувањето на природната непогода, односно најдоцна до 05.08 2026 година.

Поднесените барања ќе бидат разгледани од страна на Општинската комисија за процена и утврдување на висината на штети од природни непогоди и други несреќи, која ќе изготви Првичен извештај и ќе го достави до Советот на Општина Радовиш и до Владата на Република Северна Македонија.

Барањата доставени по истекот на рокот, некомплетните барања, како и барањата за кои не може да се воспостави контакт со подносителот поради недоставени или неточни контакт-податоци, нема да бидат предмет на разгледување и процена.

ОПШТИНА РАДОВИШ
Општинска комисија за процена и утврдување на висината на штети
од природни непогоди и други несреќи

Претседател

Наташа Иванова Вучкова

ПРИЈАВА НА ШТЕТА  (преземи)

ИЗЈАВА 1  (преземи)

ИЗЈАВА 2  (преземи)

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago