Македонија

Од денес повисоки цени на горивата

Најголемо поскапување има кај дизелот, чија цена се зголемува за шест денари по литар и се продава по 94 денари за литар.

Бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 поскапуваат за по три денари. ЕУРОСУПЕР БС-95 чини 90 денари за литар, додека ЕУРОСУПЕР БС-98 се продава по 92 денари за литар.

Поскапува и екстра лесното масло за домаќинство, чија цена се зголемува за седум денари и изнесува 93 денари за литар.

Новата цена на мазутот М-1 НС е 45,373 денари за килограм, што претставува зголемување од 3,205 денари.

Од РКЕ информираат дека зголемувањето на цените е резултат на растот на референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар, кои во однос на претходната пресметка се зголемиле кај бензините за 9,003 проценти, кај дизелот за 14,963 проценти, кај екстра лесното масло за 13,2 проценти и кај мазутот за 10,686 проценти.

Во новата пресметка е применета и одлуката на Владата за намалување на акцизата за бензините за 1 денар по литар и за дизелот за 2 денари по литар.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago