Радовиш дишеше во знакот на „Вински двор“: Три дена врвно вино, со убава македонска музика и урбан дух
РАДОВИШ, 20 јули 2026 – Изминатиов викенд, од 17 до 19 јули, Радовиш беше центар на винската магија и урбаниот дух. Успешно се одржа првото издание на манифестацијата „Вински двор“, настан кој донесе нова културна димензија во градот и привлече голем број граѓани и гости од целиот регион.
Организатор на овој тридневен спектакл, кој за првпат се одржува во ваков формат во Радовиш, е Здружението на граѓани за промовирање на манифестации, фестивали и културни настани „ГРАЃАНСКИ КВАРТ“. Под покровителство на Општина Радовиш, поточно поддршката од градоначалникот Љупче Почивалец и донесената одлука на советниците во Советот на општина Радовиш, кои ја препознаа важноста од ваков проект.
Градоначалникот Почивалец со винско наздравје ги поздрави присутните
На официјалното отворање на манифестацијата, градоначалникот Љупче Почивалец срдечно ги поздрави сите присутни гости, како и винариите кои зедоа учество на овој настан. Со традиционално винско ,,наздравје“, тој им посака успешна презентација на излагачите и убави празнични вечери на радовишани.
Локална гордост: Винарија „Кукутанов“
Посебен акцент и гордост на манифестацијата беше учеството на нашата радовишка Винарија „Кукутанов“, која е вистински плод на компетентни професионалци и врвни енолози.
„Учествуваме во вакви настани за да дадеме убава димензија и да помогнеме во развојот на винската култура. Иако кај нас оваа култура сè уште масовно се развива, ние како винарија во големите кругови уживаме огромна почит. Радовиш дефинитивно има сериозни вински корисници. А виното не се учи од книга, туку се учи само преку дегустација. Ова е навистина многу културен настан,“ истакна сопственикот Ѓорги Кукутанов.
За целосното уживање да биде комплетно, покрај добрите капки вино, присутните имаа можност да дегустираат и храна.
Како најприкладно мезе за врвните вина се покажаа производите на „Гонев“ (GONEV THE MODERN NOMAD), кој исто така беше присутен со својот препознатлив концепт.
„Граѓански кварт“ воодушевени од радовишкиот менталитет
Организаторите од здружението „Граѓански кварт“, кои за првпат организираат ваков настан во Радовиш, не го криеја своето воодушевување. Тие упатија исклучително позитивни зборови за менталитетот и гостопримливоста на радовишкиот народ, а особено значење и благодарност им дадоа на Винарија „Кукутанов“ и брендот „Гонев“ за нивниот огромен придонес во креирањето на врвната приказна.
Три вечери исполнети со богата музичка програма
Атмосферата во текот на трите вечери беше доведена до усие благодарение на одличниот музички избор. На сцената на „Вински двор“ продефилираа еминентни имиња од македонската естрада: Викторија Бенд, Пауза за Ракија, Куку Леле , Троја, Суперхикс, Диџеј Карлито
Успешната синергија меѓу граѓанскиот сектор и локалната самоуправа се поставија одлични темели „Вински двор“ да прерасне во традиционален бренд по кој Радовиш ќе биде препознатлив на туристичката и културната мапа на Македонија.